logo

Квалитетот на дебатата во Собранието – краток осврт на квалитетот на дебатата во периодот 2020 – 2021 година

Share on facebook
Share on twitter

Врз основа на податоците презентирани во оваа кратка анализа, но и долгогодишната работа на Институтот за демократија (ИДСЦС) во набљудување на работата на Собранието, во продолжение неколку препораки кои може да бидат имплементирани за подобрување на квалитетот на дебата:

  • Зголемување на информираноста и знаењата за темите кои се предмет на дискусија, како и подобрување на дебатните и ораторските вештини на пратениците значително можат да придонесат кон поквалитетна дебата во Собранието.
  • Собранието треба да биде вклучено во процесот на проценка на влијанието на регулативата (ПВР), преку што значително би се зголемиле квалитетот и аргументираноста на дискусиите
  • Пратениците треба внимателно и минимално да ја користат скратената постапка и постапката на разгледување на предлог-законите со европското знаменце.
  • Суштински е пратениците да се надоградат со стручност и разбирање за влијанието на законите врз животот на различни групи на граѓани.
  • Зголемување на информираноста и знаењата за темите кои се предмет на дискусија, како и подобрување на дебатните и ораторските вештини на пратениците значително можат да придонесат кон поквалитетна дебата во Собранието. Парламентарниот Институт (ПИ) и Парламентарната Буџетска Канцеларија (ПБК) кои функционираат во рамките на Собранието, нудат услуги со кои може да се адресираат овие потреби на пратениците. Имено, ПИ и ПБК вршат истражувачки работи на теми од интерес на пратениците како и едукација и обуки во специфични области. Од овие причини, потребно е поголемо и поефективно искористување на услугите на ПИ и ПБК од страна на пратениците.

Прочитајте го краткиот документ за јавна политика на македонски јазик тука:

Квалитетот на дебатата во Собранието – краток осврт на квалитетот на дебатата во периодот 2020 – 2021 година

Прочитајте го краткиот документ за јавна политика на албански јазик тука:

Cilёsia e debatit nё Kuvend- vёshtrim i shkurtёr i cilёsisё sё debatit pёr periudhёn 2020 – 2021

Прочитајте го краткиот документ за јавна политика на англиски јазик тука:

Debate Quality in Parliament – a Brief Overview of the Debate Quality in the Period Between 2020 and 2021

Поврзани објави