logo

Информирање на граѓаните за работата на Собранието на Република Северна Македонија

Share on facebook
Share on twitter

Изворот на легитимитетот во заседавањето, постапувањето и одлучувањето на пратениците во Собранието, лежи во граѓаните. Оваа претставничка функција ги обврзува пратениците на транспарентност и инклузивност во нивната работа пред јавноста, и постојано унапредување на механизмите за исполнување на овие обврски. Собрание кое е затворено кон своите граѓани, го подрива суверенитетот кој произлегува и им припаѓа на граѓаните.

Со цел транспарентност кон јавноста, законодавните домови често имаат сопствени канали на информирање за својата работа, како собраниски телевизиски канал и веб-страната. Од друга страна, важно е следење и адаптирање на динамиката на развој на алатките за информирање на публиката, и оттука парламентите се често присутни и на модерните канали, како што се социјалните медиуми Твитер и Фејсбук. Наоѓањето и практицирањето на соодветните механизми за комуникација со јавноста е од клучно значење за постојано одржување на актуелност помеѓу граѓаните, како повик и промоција на механизмите за нивно вклучување во работата на Собранието.

Во тој поглед Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје во анкетите за перцепцијата на граѓаните за работата на Собранието, акцент дава на прашањата кои се поврзани со информираноста на граѓаните за работата на Собранието, изворите на информирање кои тие најчесто ги користат, како и нивото на интерес и учество во работата на Собранието. Оттука, целта на оваа кратка анализа, е да даде компаративен осврт на развојот на трендовите во овие области, земајќи ги во предвид резултатите од анкетите во последните четири години (2018 – 2021). Дополнително, анализата прави и краток преглед на тоа какви се позициите и практиките во однос на овие прашања во Европски парламент, Велика Британија и Косово.

Кратката компаративна анализа можете да ја прочитате тука:

Информирање на граѓаните за работата на Собранието на Република Северна Македонија

 

Поврзани објави