logo

Извештај од набљудување на медиумското известување за работата на Собранието (јануари – април 2016)

Share on facebook
Share on twitter

Прв пат од почетокот на набљудувањето (јуни 2014) на медиумското известување за Собранието, објавени се повеќе информации во кои како извори се застапени истовремено пратеници и од мнозинството и од опозицијата (51%) отколку само со пратеници од една политичка опција (49%).

Во информациите со пратеници од само една политичка опција, позастапени се пратениците од мнозинството (57%), споредено со опозицијата (43%).

Информациите во кои истовремено се наведени пратеници од власта и од опозицијата најчесто се однесуваа на дебатите на пленарните и на седниците на собраниските комисии.

Медиумите најчесто го спомнуваа Собранието во контекст на други политички настани во државата (47%), а помалку околу содржината на парламентарните дебати и работата на пратениците (32%).

Од седниците на комисиите, во медиумскиот фокус најчесто беа дискусиите од комисиите за образование и наука, политички систем и односи меѓу заедниците, за надзор на работата на УБК и на АР, Анкетна комисија за скандалот со фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи и  Комисијата за европски прашања.

Пратениците се најчести извори во информациите (40%), што е за 9% помалку споредено со претходниот период (септември-декември 2015 – 49%). За сметка на тоа се зголеми застапеноста на извори од политички партии, јавни институции и на граѓанските организации.

Најбројни се информациите со само еден извор (30%), потоа тие со два (29%). Се зголеми процентот на информации со три и повеќе од три извори на кои заедно отпаѓаат 34%.

Објавените информации кои се однесуваат на Собранието најчесто се структурирани како информативни извештаи (60%), асе зголеми бројот на статии кои покрај информативните содржат и аналитички елементи (19%). Кратките вести со основни информации за настаните се трети по застапеност (18%).

Медиумите на албански јазик почесто објавуваа информации поврзани со Собранието. Притоа, најголем дел се однесуваат на содржината на комисиските дебати, потоа информации во кои Собранието само се спомнува или кои се однесуваат генерално на работата на парламентот и околу измени и стапување во сила на измени на конкретен закон. Медиумите на македонски јазик објавуваа почесто информации кои се однесуваат на дискусиите на пленарните седници на Собранието.

На следните линкови можете да го прочитате целосниот извештај од набљудувањето на медиумското известување за Собранието во периодот од 1 јануари до 6 април 2016 година на македонски и албански јазик.

Поврзани објави