logo

Зајакнување на надзорот над разузнавањето во Албанија, Косово и Северна Македонија

Share on facebook
Share on twitter

Иако е голем предизвик да се воспостави демократски надзор над разузнавачката заедница во демократиите во развој како Албанија, Косово и Северна Македонија, тоа е сепак од суштинска важност. Во секоја држава разузнавачките служби обично имаат неспоредливи овластувања за собирање, анализа, ширење, управување и класифицирање информации. Затоа ваквите служби може да имаат неспоредливо поголема моќ од другите владини агенции, па се многу моќна алатка во рацете на авторитарните лидери. Имајќи ја предвид моќта на овие служби и големиот потенцијал за злоупотреба, уште поважно е да се воспостават ефективни и ефикасни механизми за надзор.

Во Албанија, Косово и Северна Македонија постојат три главни пречки за целосно отелотворување на демократскиот надзор на разузнавањето. Првин, постојано недостига посветеност на домашно ниво кон демократско владеење, а културата на отчетност и надзор е недоволно развиена. Повеќето политички структури, на сите нивоа, или не се навистина заинтересирани или се рамнодушни кон зајакнување на ефективниот надзор над разузнавањето.

Второ, недостига здрава и јасна законска рамка, која би била темел за ефективен и ефикасен надзор над разузнавањето. Во трите земји, законодавството поврзано со разузнавањето е или нецелосно, или застарено, или неспроведено, или комбинација на овие состојби.

Трето, самите органи за надзор немаат доволно институционален и човечки капацитет за адекватно да ги повикаат на одговорност разузнавачките агенции.

Целиот документ за јавна политика може да го прочитате тука:

Зајакнување на надзорот над разузнавањето во Албанија, Косово и Северна Македонија

Поврзани објави