Јавното мислење и македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2004-2014)

    Јавното мислење и македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2004-2014)

    Анализи /ЕУ интеграција /Монографија, аналитички книги и длабински извештаи /Област /Публикација

    ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ И МАКЕДОНСКИОТ ПРОЦЕС НА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА

    (2004-2014)

    И покрај тоа што поддршката на граѓаните за Европската Унија (ЕУ) и процесот на пристапување на Република Македонија (РМ) кон ЕУ е предмет на истражувања на јавното мислење уште од самите почетоци на овој процес, сепак овој феномен не е опсежно и детално истражен. Недостатокот на конкретни и систематски анализи на јавните ставови во врска со процесот на европска интеграција во Македонија резултира со голем број на неодговорени прашања околу динамиката на поддршката на овој процес и нејзините основни детерминанти. Оваа констатација е зачудувачка дотолку што анализирањето на јавното мислење во земјите аспиранти за членство може да има најмалку три клучни импликации во домашната политика: од исходот од можен референдум за членство, преку влијанието на европската интеграција во политичката дебата и изборна реторика, се до влијанието на европската интеграција врз демократската консолидација во посткомунистичкиот контекст.

    Оттука, ова истражување настојува да ја пополни оваа празнина преку воспоставување на прелиминарна анализа на поддршката на процесот на европска интеграција во Македонија, во периодот од 2004 до 2014 година. Притоа, оваа анализа сака да оствари две цели. Првата цел е да ги утврди општите трендови на поддршката за членство на Македонија во ЕУ и да ја деконструира нивната динамика. Втората цел е да се утврдат најважните детерминанти на поддршката на процесот на европска интеграција, т.е. да се детектираат главните фактори кои влијаат врз формирањето на јавните ставови по ова прашање.

    Целосната публикација може да ја најдете на следниов линк:

    http://idscs/javno-mislenje-eu-MAK.pdf

     

    MENDIMI PUBLIK DHE PROCESI I MAQEDONISË PËR QASJE NDAJ UNIONIT EVROPIAN

    (2004-2014)

    Për shkak të kësaj, ky hulumtim bën përpjekje që ta plotësojë këtë zbrazëtirë përmes vendosjes së analizës preliminare të përkrahjes së procesit të integrimit evropian të Maqedonisë në periudhën nga viti 2004 deri në vitin 2014. Me këtë rast, kjo analizë dëshiron të realizojë dy qëllime. Qëllimi i parë është që ti përcaktojë trendet e përgjithshme të përkrahjes për anëtarësi të Maqedonisë në UE dhe ta dekonstruktojë dinamikën e tyre. Qëllimi i dytë është të përcaktohen determinantat më të rëndësishme të përkrahjes së procesit të integrimit evropian, përkatësisht të detektohen faktorët kryesor të cilët ndikojnë mbi formimin e qëndrimeve publike lidhur me këtë çështje.

    Si rrjedhojë, ky punim detekton korrelacion midis dinamikës për përkrahje për anëtarësi në UE dhe zhvillimit të procesit të Maqedonisë të aderimit ndaj UE gjë e cila manifestohet përmes dy periudhave indikative kohore: 2004- 2009 si periudhë e përkrahjes konsistente dhe jashtëzakonisht të lartë; dhe 2010-2014 si periudhë e cila shënon rënie inkrementale të përkrahjes të procesit të integrimit evropian.

    Тë njëjtin dokument mund ta gjeni edhe në gjuhën shqipe këtu:

    http://idscs/javno-mislenje-eu-ALB.pdf

    Јавното мислење и македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2004-2014)

    Share