Судир на интереси и корупција на локално ниво

    Судир на интереси и корупција на локално ниво

    Антикорупција /Јавно мислење /Локална самоуправа /Област /Публикација

    Истражувањето открива дека преовладуваат негативни перцепции за нивото на транспарентност на единиците на локалната самоуправа. Во периодот меѓу 2014 и 2015 година се бележи пад на перцепцијата за транспарентност на општинската администрација. Половина од граѓаните сметаат дека тендерите во општините не се доделуваат праведно, а четвртина од граѓаните не се доволно запознаени со тој процес. Четвртина од граѓаните целосно се согласуваат со изјавата „фирмите блиски до општинската власт секогаш имаат предност при тендерите“. Скоро две третини од сите граѓани сметаат дека процесот на вработување во општинските администрации е отворен и достапен исклучиво за луѓе блиски на партијата на власт во општините. Се бележи извесно зголемување на бројот на коруптивни трансакции меѓу 2014 и 2015 година и намалување на отпорот кон притисок од корупција. Во исто време, извесен дел од администрацијата го зголемила својот интегритет одбивајќи понуда за мито. Во 2015 година имало 115 076 трансакции во кои било побарано и дадено мито во општините, што е значително зголемување во споредба со 2014 година, за кога се проектирани 72 935 такви трансакции. Регистрирано е и опаѓање на потенцијалот за пријавување корупција кај надлежните институции и другите актери. Во 2015 година, во споредба со 2014 година, зголемен е процентот на граѓаните кои не би пријавиле корупција. Секој четврти граѓанин воопшто не би пријавил, а намалена доверба е регистрирана кај скоро сите надлежни институции. Скоро половина од граѓаните целосно се согласуваат дека во Македонија никој не може да се вработи ако не е член на политичка партија; повеќе од половина целосно се согласуваат дека државата е одговорна да обезбеди работа за граѓаните; а 4 од 10 граѓани целосно се согласуваат дека во Македонија праксата „услуга за услуга“ е широко развиена појава.

    Судир на интереси и корупција на локално ниво

    Судир на интереси и корупција на локално ниво

    Share