Спорот со името 2013

Спорот со името 2013

Јавно мислење /Област /Публикација /Спор за името

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија Социетас цивилис (ИДСЦС) се граѓански организации, посветени на демократскиот развој на Македонија и на европските политики и интеграции. МЦМС во континуитет го поддржува правото на самоидентификација на Република Македонија. Во 2004 г. заедно со други организации ја организира и учествуваше во кампањата „Кажи Македонија“ (Не ме Фиромирај). Во 2008 г. со заедничка изјава „И Македонија и НАТО“, МЦМС заедно со неколку организации повторно се произнесе сметајќи дека името е право на самоидентификација, а не спор. По непоканувањето за членство во НАТО во 2008 г., како и по застојот во ЕУ- интеграциите од 2009 г., спорот за името Македонија станува главна пречка во евроатлантските интеграции на Македонија. Во 2010 г. МЦМС за првпат спроведе истражување на јавното мислење во Македонија за спорот за името Македонија. Во 2011 г. МЦМС и ИДСЦС, водени од застојот на евроатлантските интеграции на Македонија и потребата за политики засновани на факти, спроведоа ново истражување за спорот за името Македонија. На крајот на 2013 г. МЦМС и ИДСЦС спроведоа ново истражување, кое се состои од испитување на јавното мислење, како и интернет анкета со јавни и информирани личности. Резултатите се презентирани во овој извештај. Истражувањето треба да придонесе кон поширока јавна дебата за спорот за името, во која ќе бидат вклучени сите релевантни чинители.

Спорот со името 2013

Спорот со името 2013

Share