Спорот за името Македонија – ставови на јавноста

Спорот за името Македонија – ставови на јавноста

Јавно мислење /Област /Публикација /Спор за името

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е водечка граѓанска организација во Македонија и регионот, основана во 1993 г. Институтот за демократија Социетас цивилис (ИДСЦС) е водечка организација за промоција на демократијата, основана во 1999 г. И МЦМС и ИДСЦС се сосредочени на демократскиот развој на Македонија и на европските политики и интеграции. МЦМС во континуитет го поддржува правото на самоидентификација на Република Македонија. Во 2004 г. заедно со други организации ја организира и учествуваше во кампањата „Кажи Македонија“ (Не ме Фиромирај). Во 2008 г. со заедничка изјава „И Македонија и НАТО“, МЦМС заедно со неколку организации повторно се произнесе сметајќи дека името е право на самоидентификација, а не спор. Но по непоканувањето за членство во НАТО во 2008 г., како и по застојот во ЕУ- интеграциите од 2009 г., спорот за името Македонија станува главна пречка во евроатлантските интеграции на Македонија. Во 2010 г. МЦМС за првпат спроведе истражување на јавното мислење во Македонија за спорот за името Македонија. Во 2011 г. МЦМС и ИДСЦС, водени од застојот на евроатлантските интеграции на Македонија и потребата за политики засновани на факти, спроведоа ново истражување за спорот за името Македонија. Истражувањето треба да придонесе кон отворање поширока дебата за спорот за името, во која ќе бидат вклучени сите релевантни актери. Извештајот го прикажува мислењето на граѓаните за спорот со името, што треба да послужи во утврдувањето на политиките за спорот.

Спорот за името Македонија – ставови на јавноста

Спорот за името Македонија – ставови на јавноста

Share