Собранието под лупа: Како дебатираа пратениците од април до јуни 2016 и за предлогот за импичмент на Претседателот

Собранието под лупа: Како дебатираа пратениците од април до јуни 2016 и за предлогот за импичмент на Претседателот

Анализи /Добро владеење /Извештај од набљудување /Област /Парламент /Публикација

Набљудувањето на квалитетот на дискусијата во Собранието во периодот од 7 април до 30 јуни 2016 во кое се вклучени и дискусиите од седниците на кои се расправаше за првото барање за покренување на одговорност од Претседателот на Републиката во историјата на Македонија укажуваат дека:

  • Пратениците најмногу дискутираа околу Постапката за Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на РМ, предлогот за избор на нов министер за финансии и за Предлог на закон за изменување на Изборниот законик.
  • Поголем дел од дискусиите на набљудуваните теми и седници отпаѓаат на пратеници од мнозинството – 53%, а помал дел 47% на опозицијата.
  • Учеството на говорите во вкупниот број на дискусиите е најмало досега. Најголем дел од дискусиите – 78% отпаѓаат на реплики и контрареплики, а 15% на говори.
  • Најголем дел од говорите и контра-репликите отпаѓаат на опозициски говорници, најголем дел од репликите отпаѓаат на говорници од мнозинството.
  • На најниско ниво досега опадна степенот на аргументираност на дискусиите споредено со претходните набљудувани периоди. Најбројни се дискусиите без никаква аргументација – 60%, потоа следат тие со слабо образложение – 19%. Еден аргумент е идентификуван во 12% , а два и повеќе од два аргументи се воочени во само 9 % од дискусиите.
  • Во дебатата за импичментот на опозициските пратеници отпаѓаат поголем дел од дискусиите со повеќе од два аргумента (71%), два аргумента (64%) и еден аргумент (56%), како и мнозинство 62% од дискусиите со слабо образложение. На пратеници од мнозинството отпаѓаат 58% од дискусиите без никакво образложение.
  • Опадна процентот на дискусии во кои пратеници директно одговараат на аргументи упатени до нив од други говорници на само 11% споредено со 16% во претходниот период. Зголемен е процентот на дискусии во кои целосно се игнорираат упатените аргументи на 20% за разлика од 15% од претходниот набљудуван период.
  • Зголемен е процентот на случаи во кои говорниците искажуваат непочитување и делумно непочитување кон аргументи и кон личности на други говорници од други политички партии. Најголем дел од овие случаи се дел од дебатата за импичментот на Претседателот. На пратениците од мозинството отпаѓаат најголем дел од случаите со делумно непочитување (80%) и делумно почитување (70%). На опозициските пратеници отпаѓаат најголем дел од случаите во кои е искажано целосно непочитување кон аргументи на другите говорници (61%).
  • Поголем дел од случаите во кои на аргументите се одговара директно припаѓаат на опозициски пратеници. Поголем дел од дискусиите во кои аргументите целосно се игнорираат или на кои говорниците само делумно одговараат им припаѓаат на пратеници од мнозинството.
  • Пратениците повторно останаа затворени за туѓите аргументи и можноста за менување на својата позиција.

За сите наоди од набљудувањето на парламентарните дискусии погледнете го целосниот извештај за квалитетот на дебатата во Собранието во периодот од 7 април до 30 јуни 2016 година на:

Македонски јазик

Албански јазик

Собранието под лупа: Како дебатираа пратениците од април до јуни 2016 и за предлогот за импичмент на Претседателот

Share