Профилот на мојот градоначалник

Профилот на мојот градоначалник

Избори /Извештај од испитување на јавното мислење /Јавно мислење /Област /Публикација

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија  Социетас  цивилис  ‐  Скопје  (ИДСЦС)  во  февруари  2013  г.  започнаа  повеќе  заеднички  активности  за  локалните  избори  2013,  кои  вклучуваат  истражувања,  набљудување  на  изборните програми и кампањи, на медиумите, на изборната администрација и на денот  на гласањето. Како  почетна активност  беше  испитано јавното мислење  за карактеристиките кои ќе  влијаат на нивниот избор на градоначалник и советничка листа.  Граѓаните беа запрашани за вредностите кои треба да ги поседува кандидатот за градоначалник за кој ќе гласаат тие, потоа за неговата професија, етничката припадност и сл. Испитувањето  на  јавното мислење е  направено  преку  телефонска  анкета  на 13  и 14 февруари  2013  г.  на  репрезентативен  примерок  од  425  испитаници  со  +/‐  5 %  грешка. Популациската  рамка  на  примерокот  беше  население  постаро  од  18  години,  а  критериумите  за  репрезентативност  беа:  пол,  возраст,  етничка  припадност  и  изборна  единица.  Од  425  испитаници, 49,7 %  беа  жени,  а  50,3 %  мажи,  во  однос  на  етничката  застапеност  70,0 %  од  испитаниците  беа Македонци,  а  24,9 %  Албанци,  додека  другите  етнички групи беа застапени со 5,1 %.   Во извештајот незначително малцинство се употребува за одговори помалку од 10 % од  примерокот, мало малцинство за 11 % до 30 %, малцинство за 30 % до 50 %, мнозинство за  51 % до 70 % и големо мнозинство за повеќе од 70 %.   Во извештајот не се прикажани социо‐демографските анализи поради малото учество  на поединечните социо‐демографски групи во националниот примерок.

Целосниот документ може да го најдете на следниот линк: http://idscs/profilot-na-mojot-gradonachalnik.pdf

Профилот на мојот градоначалник

Share