Препораки – Европеизација на Западен Балкан преку имплементација на правото

Препораки – Европеизација на Западен Балкан преку имплементација на правото

Анализи /ЕУ интеграција /Област /Публикација /Регион /Студија за јавна политика

Tимот вклучен во истражувачкиот проект на ИДСЦС „Европеизација на Западен Балкан преку имплементација на правото“ како еден од своите финални продукти го објавува документот за креирање политики кој има за цел да и предложи на Европската Комисија да прилагоди пристап за мониторинг кон земјите од Западен Балкан во процесот на нивно приближување кон полноправно членство во Европската Унија. Целта е да се дадат препораки за оцеката на имплементацијата на правото во земјите од Западен Балкан со аспирации за членство во ЕУ од страна на Европската Комисија. Главното прашање од кое произлегуваат овие препораки е дали институциите на ЕУ влијаат, и како, на имплементацијата на правото, со посебен акцент на земјите од Западен Балкан: Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Истражувањето направено пред објавата на овој документ го оценуваше имплементирањето на правото и реформата на судството како услов за влез во ЕУ на земјите од Западен Балкан. Посебно внимание беше посветено на новоформираните институции како „Советот на судии“ и „Судските академии“ со цел дали тие даваат соодветна правна рамка за политичка независност на судството.

Методите користени во ова истражување во голема мера се базираа на анализа на содржина на правните норми усвоени за оваа цел, како и нивната имплементација. Ние предлагаме регионално унифициран пристап во мониторингот на напредокот на реформите во судството во земјите од Западен Балкан.

Препораки – Европеизација на Западен Балкан преку имплементација на правото

Share