Прв извештај од набљудување на медиумското известување за работата на Собранието (септември – декември 2015)

Прв извештај од набљудување на медиумското известување за работата на Собранието (септември – декември 2015)

Анализи /Добро владеење /Извештај од набљудување /Област /Парламент /Публикација

Враќањето на опозицијата во Собранието одново го врати медиумскиот интерес кон парламентарните дебати. Значителен дел (43%) од анализираните информации во кои се спомнува Собранието се однесуваат на дебатите во пленарните и комисиските седници. Споредено со истиот период од минатата година, сега поретки се информациите во кои Собранието само се спомнува, но во контекст на односите меѓу партиите и општата политичка состојбата во државата.

Во овој период почести се информациите во кои е застапен пратеник од само една политичка опција во Собранието (56%), отколку истовремено и од власта и од опозицијата (44%). Притоа, медиумите почесто објавуваа информации во кои како извори се застапени пратеници од опозицијата (31%), отколку од власта (24%).

Информациите во кои истовремено се наведени пратеници од власта и од опозицијата најчесто се однесуваа на дебатите на пленарните и на седниците на собраниските комисии.

Пратениците се најчести наведени извори во информациите објавени во периодот септември – декември 2015 (49%). Втори по застапеност се извори во кои спаѓаат странски претставници, политичари и дипломати на други држави (13%), а членовите на политичките партии се на трето место (12%).
Споредно со периодот во 2014, сега е намален процентот на извори од политички партии, а зголемен е процентот на извори кои се водат како „друго“ во кои спаѓаат претставници на други држави, на Европската Унија и САД, амбасадори во Македонија и претставници на други странски институции што должи на посредништвото на странските претставници во политичките преговори и генерално нивното вклучување во разрешувањето на кризата.

Објавените информации кои се однесуваат на Собранието најчесто се структурирани како информативни извештаи (53%) и како кратки вести во кои е застапена само основна информација за случувањето (30%).

Медиумите на албански јазик почесто објавуваа информации за содржината на собраниските дебати, а на медиумите на македонски јазик отпаѓаат повеќето од информациите во кои парламентот само се спомнува, но не во контекст на дискусиите туку во контекст на пошироката политичка состојба во државата.

Целосниот извештај од набљудувањето на медиумите е достапен на следните линкови:

Македонска верзија

Албанска верзија

Прв извештај од набљудување на медиумското известување за работата на Собранието (септември – декември 2015)

Share