Поддршката на граѓаните на процесот на пристапување на Република Македонија во Европската Унија

Поддршката на граѓаните на процесот на пристапување на Република Македонија во Европската Унија

Анализи /ЕУ интеграција /Област /Публикација /Студија за јавна политика

Во периодот помеѓу 2001 и денес или поточно од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација во април 2001 година, односите со Европската Унија во врска со евро-интегративниот процес на Република Македонија значајно се интензивираа. Оваа зголемена фреквенција на односи со ЕУ предизвика потреба од константно следење на поддршката на јавното мислење за евро-интегративниот процес. Во овој контекст, повеќе агенции за истражување на јавното мислење почнаа да го следат тој процес и интересно е што сите доаѓаа до истиот заклучок. Во целиот тој девет годишен период нивото на поддршка се движеше во интервал од 85% до 95% што укажува на висок степен на консензус во јавноста по ова прашање. Проблемската ситуација која што се јавува во овој случај се однесува на висината на поддршката на граѓаните на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, додека проблемот кој се јавува како предмет на внимание е: поради кои причини поддршката е таква каква што е. Анализата ќе треба да даде одговор на прашањето од кои причини е толку висока поддршката на овој процес и како различната интерпретација на евро- интеграцијата, на различни социо-демографски категории, влијаат на таквата поддршка.

Целосниот документ може да го најдете на следниот линк:  http://idscs/Analiza_Poddrskata_na_graganite_na_procesot_na_pristapuvanje_na_RM_vo_EU.pdf

Поддршката на граѓаните на процесот на пристапување на Република Македонија во Европската Унија

Share