Петти извештај од мониторинг на квалитет на дебата во Собрание

Петти извештај од мониторинг на квалитет на дебата во Собрание

Анализи /Добро владеење /Извештај од набљудување /Област /Парламент /Публикација

ПЕТТИ ИЗВЕШТАЈ ОД МОНИТОРИНГОТ НА КВАЛИТЕТОТ НА ДЕБАТАТА ВО СОБРАНИЕТО

(ДЕКЕМВРИ)

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Институтот за Источна и Централна Европа и Балканот (ИЕКОБ) почнувајќи од јуни 2014 до март 2015 година го следат нивото на квалитет на дебататa во Собранието. Мониторингот се одвива во рамките на проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“ финансиски поддржан од Европската Унија. Во текот на периодот на мониторинг ќе бидат изготвени десет месечни извештаи за квалитетот на дебатата во Собранието. Пред вас е петтиот таков извештај кој се однесува на собраниската дебата во месец декември 2014. Со примена на „Индексот за квалитет на дебата“ според неколку параметри се оценува секој поединечен говор на учесниците на пленарните седници и седниците на осум собраниски комисии одбрани според нивното значење за политичката дебата и политичката култура во државата. Целта на мониторингот е на емпириски начин да се дојде до сознание колку се аргументирани расправите во законодавниот дом и колку се земаат предвид различните ставови и колку истите придонесуваат кон содржнината на законите. Истовремено, во рамки на проектот, се одвива и мониторинг на неколку национални медиуми со цел да се види во која мера јавноста е запознаена со суштината на собраниските расправи и со содржината на аргументите изнесени на седниците од страна на пратениците. По секој мониториран месец јавноста е информирана преку извештаи за клучните наоди од мониторингот на дебатата во Собранието и на медиумското известување од работата на парламентот.

 

Целосната публикација може да ја најдете на следниов линк:

http://idscs/Petti-izvestaj-od-monitoring-na-Sobranie-mk.pdf

 

RAPORTI I PESTË NGA MONITORIMI I CILËSISË SË DEBATIT NË KUVENDIN

(DHJETOR)

Instituti për demokraci “Societas Civilis” – Shkup (IDSCS) dhe Instituti për Evropën Lindore dhe Qendrore dhe Ballkanin (IELQB), duke filluar nga qershori i vitit 2014 deri në mars të vitit 2015 e përcjellin nivelin e cilësisë së debatit në Kuvendin dhe raportimin e medieve nga puna e deputetëve. Monitorimi zhvillohet në kuadër të projektit “Kuvendi nën thjerrëz, përforcimi i debatit politik dhe të diskursit deliberativ” financiarisht i përkrahur nga Unioni Evropian. Gjatë periudhës së monitorimit do të përgatiten dhjetë raporte mujore për cilësinë e debatit në Kuvendin dhe për raportimin mediatik. Para jush është raporti i dytë i cili ka të bëjë me raportimin e 10 medieve kombëtare në periudhën nga 1 – 30 nëntor i vitit 2014. Me aplikimin e “Indeksit për cilësi të debatit” sipas disa parametrave vlerësohet çdo fjalim veç-e-veç i pjesëmarrësve në seancat plenare dhe seancat e tetë komisione kuvendore të përzgjedhura sipas domethënies së tyre për debatin politik dhe për kulturën politike në shtetin. Qëllimi i monitorimit është që në mënyrë empirike, të fitohen njohuri se sa janë të argumentuara diskutimet në shtëpinë ligjvënëse dhe se sa qëndrimet e ndryshme merren parasysh dhe kontribuojnë në krijimin e ligjeve.

 

Тë njëjtin dokument mund ta gjeni edhe në gjuhën shqipe këtu:

http://idscs/Petti-izvestaj-od-monitoring-na-Sobranie-al.pdf

Петти извештај од мониторинг на квалитет на дебата во Собрание

Share