Осми извештај од мониторинг на квалитет на дебата во Собрание

Осми извештај од мониторинг на квалитет на дебата во Собрание

Анализи /Добро владеење /Извештај од набљудување /Област /Парламент /Публикација

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Институтот за Источна и Централна Европа и Балканот (ИЕКОБ) почнувајќи од јуни 2014 до мај 2015 година го следат нивото на квалитет на дебататa во Собранието. Мониторингот се одвива во рамките на проектот „Собранието под лупа, засилување на политичката дебата и делиберативниот дискурс“ финансиски поддржан од Европската Унија. Во текот на периодот на мониторинг ќе бидат изготвени десет месечни извештаи за квалитетот на дебатата во Собранието. Пред вас е осмиот таков извештај кој се однесува на собраниската дебата во месец март 2015. Со примена на „Индексот за квалитет на дебата“ според неколку параметри се оценува секој поединечен говор на учесниците на пленарните седници и седниците на осум собраниски комисии одбрани според нивното значење за политичката дебата и политичката култура во државата. Целта на мониторингот е на емпириски начин да се дојде до сознание колку се аргументирани расправите во законодавниот дом и колку се земаат предвид различните ставови и во која мера истите придонесуваат кон содржнината на законите. Истовремено, во рамки на проектот, се одвива и мониторинг на неколку национални медиуми со цел да се анализира во која мера јавноста е запознаена со суштината на собраниските расправи и со содржината на аргументите изнесени на седниците од страна на пратениците. По секој мониториран месец јавноста е информирана преку извештаи за клучните наоди од мониторингот на дебатата во Собранието и на медиумското известување.

Целосната публикација може да ја најдете на следниов линк:

http://idscs/Osmi-izvestaj-od-monitoring-na-Sobranie-mk.pdf

 

Instituti për demokraci “Societas Civilis” – Shkup (IDSCS) dhe Instituti për Evropën Lindore dhe Qendrore dhe Ballkanin (IELQB), duke filluar nga qershori i vitit 2014 deri në mars të vitit 2015 e përcjellin nivelin e cilësisë së debatit në Kuvendin dhe raportimin e medieve nga puna e deputetëve. Monitorimi zhvillohet në kuadër të projektit “Kuvendi nën thjerrëz, përforcimi i debatit politik dhe të diskursit deliberativ” financiarisht i përkrahur nga Unioni Evropian. Gjatë periudhës së monitorimit do të përgatiten dhjetë raporte mujore për cilësinë e debatit në Kuvendin dhe për raportimin mediatik. Para jush është raporti i tetë i tillë i cili ka të bëjë me debatin kuvendor në muajin shkurt të vitit 2015. Me aplikimin e “Indeksit për cilësi të debatit” sipas disa parametrave vlerësohet çdo fjalim i veçantë i pjesëmarrësve në seancat plenare dhe seancat e tetë komisioneve kuvendore të përzgjedhura sipas rëndësisë së tyre për debatin politik dhe kulturën politike në shtetin. Qëllimi i monitorimit është që në mënyrë empirike, të fitohen njohuri se sa janë të argumentuara diskutimet në shtëpinë ligjvënëse dhe se sa qëndrimet e ndryshme merren parasysh dhe kontribuojnë në krijimin e ligjeve. Në të njëjtën kohë, në kuadër të projektit realizohet edhe monitorimi i disa mediumeve kombëtare për tu parë se në çfarë mase opinioni është i njoftuar me esencën e debateve kuvendore dhe me përmbajtjen e argumenteve të shfaqura në seancat nga ana e deputetëve. Pas çdo muaji të monitoruar opinioni do të informohet përmes raporteve për gjetjet kyçe nga monitorimi i debatit në Kuvendin dhe të informimit mediatik.

Тë njëjtin dokument mund ta gjeni edhe në gjuhën shqipe këtu:

http://idscs/RAPORTI__MONITORIMI_CILSIS_S_DEBATIT_N_KUVENDIN.pdf

Осми извештај од мониторинг на квалитет на дебата во Собрание

Share