Корупцијата во Македонија расте, отпорот слабее

    Корупцијата во Македонија расте, отпорот слабее

    Анализи /Антикорупција /Извештај од набљудување /Област /Публикација

    Коруптивниот  притисок  од  страна  на  службените  лица (барање на мито или услуга)  и  вклученостa  од  страна  на граѓаните  бележат  зголемување  споредбено  со  истражувањето  од  2014  година. Ова значи раст на административната корупција. Ако во 2014 г. секој четврти полнолетен граѓанин бил соочен со барање да даде поткуп, во 2016 г. со тоа се соочил речиси секој трет.

    Забележително е и дека вклученоста бележи побрзо зголемување отколку притисокот, што може да води кон тоа да се зголемува бројот на луѓе кои стануваат подложни на притисокот односно ослабува отпорот кон корупцијата.

    Институциите се неефикасни во справувањето со корупција. Доколку го споредиме обемот на вклученост на луѓето во корупција и претпоставиме дека тие подмитиле еднаш, зборуваме за потенцијално 480.540 прекршоци. Доколку го споредиме тоа со збирот од осудени лица во 2014 година, (14 за поткуп и 193 за злоупотреба на службената должност), добиваме дека 0,04 % од случаите завршуваат со пресуда.

    Подложноста за корупција, односно спремноста да се учествува во корупција во хипотетичка ситуација, во истражувањето во 2016 е за 9% поголемо од 2014 година.

    Ова се дел од резултатите кои Македонскиот центар за меѓународна соработка ги објави од теренска анкета во рамки програмата на УСАИД за анти-корупција. ИДСЦС беше партнер на МЦМС во спроведувањето на програмата.

    Повеќе информации може да најдете во целиот извештај достапен на следниот линк:

    Корупцијата во Македонија расте, отпорот слабее

    Корупцијата во Македонија расте, отпорот слабее

    Share