Како се донесе буџетот за 2015? Поглед кон дебатата во Собранието

    Како се донесе буџетот за 2015? Поглед кон дебатата во Собранието

    Анализи /Бриф за јавна политика /Граѓанско општество /Добро владеење /Област /Публикација

    Буџетот на Република Македонија е најважниот акт по кој Собранието одлучува на годишно ниво. Тој ги одредува приоритетите за општествениот развој, зајакнувањето на институциите, образованието, здравството итн. Токму оваа функција на Буџетот со која се одредуваат приоритетите, односно некоја област или институција добива повеќе, а друга помалку, го прави исклучително политички акт. Оттука, во системот на поделба на власта, улогата на Собранието е да го преиспита предлогот на Буџет кој го доставува Владата и со измени да го усогласи со јавниот интерес. Според тоа, важно е да се види на кој начин пратениците дискутираат за Буџетот и колку ги користат можностите предвидени со Деловникот за да ја исполнат оваа своја улога. Оваа анализа како студија на случај го зема носењето на Буџетот за 2015 година, кој во Собранието беше дискутиран во септември и октомври 2014 година. Анализата се потпира на истражување на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ од Скопје, кој ја набљудуваше собраниската дебата во рамки на проектот „Собранието под лупа“. Анализата покрива четири делови. Најпрво почнува со структурата на говори поврзани со расправата за Буџетот, потоа го анализира степенот на образложение и спремноста да се промени мислењето поради подобар аргумент. Анализата завршува со преглед на искористеноста на времето кое, според Деловникот, е дозволено за расправа.

    Целосната публикација може да ја најдете на следниов линк:

    http://idscs/Brief-Popovic-MK.pdf

     

    Buxheti është akti më i rëndësishëm për të cilin Kuvendi vendos çdo vit.Ajo përcakton prioritetet për zhvillimin social, për përforcimin e institucioneve, arsimit, shëndetësisë, etj. Është ky tipar i Buxhetit, i cili identifikon prioritetet, pra cila fushë ose cili institucion merr më shumë dhe cili më pak, duke e bërë atë akt tejet politik. Prandaj,nësistemin e ndarjes së pushteteve, roli i Parlamentit është që të shqyrtojë projekt-buxhetin dhe që ia dërgon Qeveria dhe me ndryshime ta përputhë atë me interesin publik. Prandaj, është e rëndësishme të shihet se si ligjvënësit diskutojnë për Buxhetin dhe se sa përdorin mundësitë e ofruara nga Rregullori për të përmbushur këtë rol. Kjo analizë si rast studimi e merr vendimin për Buxhetinpër vitin 2015, e cila u diskutua në parlament në shtator dhe tetor të vitit 2014. Analiza është bazuar në hulumtimin e Institutit për Demokraci “Societas Civilis” në Shkup, i cili ka monitoruar debatin parlamentar në kuadër të projektit “Parlamenti nën thjerëz”. Analiza përfshin katër pjesë. Së pari duke filluar me strukturën e fjalimeve në lidhje me debatin për buxhetin, pastaj duke analizuar shkallën e shpjegimit dhe vullnetin për të ndryshuar mendimin për shkak të një argumenti më të mirë. Analiza përfundon me një pasqyrë të përdorimit të kohëse cila sipasRregullores është e lejuar për diskutim.

    Тë njëjtin dokument mund ta gjeni edhe në gjuhën shqipe këtu:

    http://idscs/Brief_Popovic_shq.pdf

    Како се донесе буџетот за 2015? Поглед кон дебатата во Собранието

    Share