Истражување за политичката култура во Македонија

    Истражување за политичката култура во Македонија

    Идентитет /Извештај од испитување на јавното мислење /Јавно мислење /Наука и истражување /Област /Публикација

    Во периодот од мај, до ноември 2011 година, истражувачката единица на Институтот за демократија „Societas Civilis”Скопје (IDSCS),со поддршка од Канцеларијата наФондацијата „Фридрих Еберт” во Скопје, го спроведе проектот: Истражување за политичката култура во Република Македонија на национално ниво. Истражувањето се состоеше од три дела:

    • Анкета на јавното мислење на национално ниво (квантитативен инструмент) во кој беше вклучен стратифициран, репрезентативен примерок на популацијата во земјата (1,100 испитаници). Целта на анкетата за јавното мислење беше да се соберат статистички релевантни податоци за главните параметри и одредници за политичката култура кај општата популација.

    • Фокус-групи со граѓаните за дополнително разгледување на податоците кои се собрани од анкетата на јавното мислење од квалитативен аспект и да се појасни потенцијалната статистичказачестеност, како и конкретни појави во областа.

    • Индивидуални интервјуа и една фокус-група со експерти (квантитативен дел)во областа на политичката култура (политичари, аналитичари, новинари и професори). Експертите имаа улога да дадат коментари на резултатите од анкетата на јавното мислење за да се утврди феноменологијата зад статистичките индикатори и да се добие квантитативната основа за анализа.

    Целосниот документ може да го најдете на:   http://idscs/politicka%20kultura%20vo%20makedonija_izveshtaj%20od%20anketa_mk.pdf

    Истражување за политичката култура во Македонија

    Share