„Живот за утре: општествени трансформации во Југоисточна Европа“

    „Живот за утре: општествени трансформации во Југоисточна Европа“

    Анализи /Идентитет /Монографија, аналитички книги и длабински извештаи /Наука и истражување /Област /Публикација /Регион /Социјални прашања

    На следниот линк може да ја најдете целосната книга „Живот за утре: општествени трансформации во Југоисточна Европа“

    Оваа книга го истражува општествениот живот во земјите во Југоисточна Европа, настанaт како резултат на спојот на формалните институции, создадени во процесот на неолибералната и европска транзиција, и неформалните институции обликувани од културните традиции и искуствата во социјалистичкиот период.

    Четири главни целини ја отсликуваат содржината на книгата. Првиот дел расправа за ставовите на жителите на Западен Балкан за транзициските промени и адаптацијата во новите општествени услови. Вториот дел расправа за (не)способноста на општествата од Југоисточна Европа за промена. Третиот дел ја разгледува жената во транзициските процеси во регионот. Во четвртата целина се разгледуваат неформалните институции и практики во регионот.

    Изданието произлегува од проектот „Отпор кон социоекономските промени во општествата од Западен Балкан. Тестирање на две теории за општествен развој“, спроведен од Центарот за емпириски културни студии на Југоисточна Европа (Србија), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (Македонија), Центарот за општествени истражувања Косово (Косово) и Центарот за општествени истражувања „Аналитика“ (Босна и Херцеговина). Овој проект беше реализиран во 2012-2013 година, во рамките на Регионалната програма за промоција на истражувања во Западен Балкан (РППИ), предводена од Универзитетот Фрајбург во тек на мандатот на Швајцарската агенција за развој и соработка, Федерален оддел на Министерството за надворешни работи.

    „Живот за утре: општествени трансформации во Југоисточна Европа“

    Share