Дали веќе се прекршени новите изборни правила во Република Македонија?!

    Дали веќе се прекршени новите изборни правила во Република Македонија?!

    Анализи /Бриф за јавна политика /Добро владеење /Избори /Област /Публикација

    На почетокот од втората недела на мај најголемите политички партии во Република Македонија ги претставија своите предизборни програми. На 9 мај СДСМ го објави главното мото на нивната предизборна кампања срочено под синтагмата 3Е “Економија, Европа, Едукација“, додека наредниот ден на 10 мај ВМРО-ДПМНЕ ја претстави предизборната програма за престојните избори со наслов “Преродба во 100 чекори“.1 Ако се знае дека Собранието на РМ ги закажа парламентарните избори на 5 јули, ваквите чекори на политичките партии излегаат повеќе од нормални. Сепак ако се погледнат правилата за изборна кампања предвидени во новиот изборен законик на РМ, конкретно член 74 ќе се види дека изборната кампања треба да започне 20 дена пред изборите. Според важечките законски правила, изборната кампања не би требало да започне пред 15 јуни. Моменталната ситуација во Македонија, го поставува прашањето: Дали веќе се прекршени изборните правила во Република Македонија?

    Краткиот документ за јавна политика може да го најдете во следниот линк:

    https://idscs.org.mk/wp-content/uploads/2009/08/IDSCS-Policy_Brief-Election%20Campaign-MKD.pdf

     

    Дали веќе се прекршени новите изборни правила во Република Македонија?!

    Share