Граѓанско мобилизирање на социјалните мрежи: анализа на социјалните медиуми и „Плоштад слобода”

Граѓанско мобилизирање на социјалните мрежи: анализа на социјалните медиуми и „Плоштад слобода”

Анализи /Граѓанско општество /Монографија, аналитички книги и длабински извештаи /Наука и истражување /Област /Публикација

Приказ на случај – Миша Поповиќ и Марко Трошановски за 12 број на Граѓански практики во издание на Македонскиот центар за меѓународна соработка

Резиме: Новите социјални медиуми и нивните комуникациски капацитети обезбедуваат лесно
остварување на клучните претпоставки за успешно граѓанско здружување: интеракција
и вклученост и развивање застапнички (advocacy) дискурс. Преку студирање на случајот
врзан околу граѓанската иницијатива „Плоштад слобода“, оваа студија се обидува да
истражи како неформални колективи ги ползуваат социјалните медиуми за комуникација
и мобилизација и кои се спецификите на содржината за која се комуницира преку овие
канали. Студијата покажува дека употребата на социјалните медиуми во оваа неформална
граѓанска инцијатива е во голема мера спонтана и нестратешка, со ад-хок комуникациски
решенија. Иницијативата плански не комуницира со засегнатите страни и потенцијалните
поддржувачи, пристап кој го намалува досегот и опфатот на мобилизирачките активности
(интеракција и вклученост) и застапничките содржини.

Целосниот документ може да го најдете на следниот линк: http://idscs/graganski-praktiki-br.12.pdf

Граѓанско мобилизирање на социјалните мрежи: анализа на социјалните медиуми и „Плоштад слобода”

Share