Застапувачки цели 2016: фокус на политики од владеење на право – Синтетизирана препорака

Застапувачки цели 2016: фокус на политики од владеење на право – Синтетизирана препорака

Анализи /Бриф за јавна политика /Граѓанско општество /Добро владеење /Област /Публикација

Препораките кои се пред вас се подготвени во рамки на две Агора сесии одржани во текот на 2015 и 206 година. Првата сесија, насловена „Застапувачки цели 2016: фокус на политики од областа владеење на право“, беше одржана на 6 октомври 2015 година, втората на 29 јануари 2016 година во рамки на конференцијата „Партиципативно креирање политики и подготовка на препораки за програмата на работа на Владата.“ На двете сесии присуствуваа повеќе од 30 претставници на граѓански организации и движења. Присутните дискутираа за главните слабости и можните опции за јавни политики во рамки на три области, поврзани со генералната област – владеење на право. Во продолжение, пренесуваме дел од главните заклучоци и согледани опции за подобрување на јавните политики во Македонија. Главна цел на оваа синтетизирана препорака е да им послужи на претставниците на граѓанските организации како патоказ за синхронизирана акција насочена кон државните институции. Од друга страна, одлучувачите и донесувачите на политики, можат да ја консултираат како насока за клучните акции коишто треба да се спроведат во 2016 година. Искрено се надеваме дека овој документ ќе им биде целисходна алатка во насока на подоследно спроведување на реформските предизвици во периодот кој претстои. Подготовката на Синтетизираната препорака е во рамки на проектот „Агора сесии – практикување на партиципативно креирање политики“ и е поддржана од Британската амбасада во Скопје,.

Организации кои ги поддржуваат овие препораки се: Институт за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје;

Фондација Отворено општество – Македонија;

Асоцијација за развојни иницијативи ЗЕНИТ.

Целосниот текст може да го најдете на следниот линк: http://idscs/agora-sesii-sintetizirana-preporaka-zastapuvacki-celi-2016.pdf
Rekomandimet që janë para jush janë të pregaditura gjatë dy Agora sesioneve të mbajtura gjatë vitit 2015 dhe 2016. Sesioni i parë, i titulluar “Synimet e avokimit 2016: fokus mbi politika të fushës së sundimit të ligjit”, u mbajt më 6 tetor 2015, i dyti më 29 janar, 2016 në konferencën “Krijmi i politikave në mënyrë interaktive dhe përgatitja e rekomandimeve për programin e punës së Qeverisë”. Në dy sesionet morën pjesë mbi 30 përfaqësues të organizatave të shoqërisë civile dhe lëvizjeve. Pjesëmarrësit diskutuan dobësitë kryesore dhe opsionet e mundshme për politika publike në tre fusha, të ndërlidhura me fushën e përgjithshme – sundimi i ligjit. Në vazhdim, përcjellim disa nga përfundimet kryesore dhe opsionet e perceptuara për përmirësimin e politikave publike në Maqedoni.

Përgatitja e Rekomandimit të sintetizuar është pjesë e projektit “Agora sesione – ushtrimi i krijimit të politikave në mënyre interaktive” dhe është i mbështetur nga Ambasada Britanike në Shkup.

Organizatat që mbështesin këto rekomandime janë:
Instituti për Demokraci “Societas Civilis” Shkup;
Fondacioni Shoqëria e hapur – Maqedoni;
Asociacioni për iniciativa zhvillimore ZENIT.

Тë njëjtin dokument mund ta gjeni edhe në gjuhën shqipe këtu:

https://idscs.org.mk/wp-content/uploads/2016/01/Rekomandim-i-sintetizuar.pdf

Застапувачки цели 2016: фокус на политики од владеење на право – Синтетизирана препорака

Share