Буџетска транспарентност и отчетност во Македонија – Студија за јавна политика

Буџетска транспарентност и отчетност во Македонија – Студија за јавна политика

Анализи /Антикорупција /Област /Публикација /Студија за јавна политика /Транспарентност

Оваа студија се фокусира на буџетската транспарентност и јавна политика на буџетската транспарентност и отчетност на буџетските корисници во Република Македонија. Зошто е важна буџетската транспарентност?Според Организацијата за економска соработка и развој буџетската транспарентност е дефинирана како „целосно обелоденување на сите релевантни фискални информации на навремен и систематски начин.“ Според Меѓународниот монетарен фонд(ММФ), фискалната транспарентност во јавните финансии е главен елемент на доброто владино управување кое понатаму води кон макроекономска и фискална стабилност и е детерминанта за повисоки стапки на економски раст. Фискалната транспарентност може да служи и за рано идентификување на потенцијални ризици по фискалните резултати што пак води кон рано предупредување и соодветна фискална реакција при променети економски претпоставки. Понатаму, фискалната транспарентост овозможува отчетност кон граѓаните-даночни обврзници, а и овозможува подобра кредитоспособност кон меѓународниот пазар на капитал. Според Иницијативата за отворен буџет (Open Budget Initiativе) транспарентноста во јавните финансии помага за поефтино меѓународно кредитирање и помага за подобрена ефикасност во јавното трошење, додека зголемена нетранспарентност води кон намалена фискална дисциплина.

Целосниот документ може да го најдете на следниот линк: http://idscs.CEA-IDSCS-transparency-paper-mk.pdf

 

Ky studim përqendrohet në transparencën buxhetore dhe politikën publike mbi transparencën buxhetore dhe llogaridhënien e shfrytëzuesve buxhetor në Republikën e Maqedonisë. Pse është e rëndësishme transparenca buxhetore? Sipas Organizatës për zhvillim dhe bashkëpunim ekonomik transparenca buxhetore është e definuar si “zbulim i plotë i të gjitha informatave relevante fiskale në kohë dhe në mënyrë sistematike”. Sipas Fondit monetar ndërkombëtar (FMN), transparenca në financat publike është element kryesor i menaxhimit të mirë qeveritarë, e cila më tej çon drejt stabilitetit makroekonomik dhe fiskal dhe është determinantë për norma më të larta të rritjes ekonomike. Transparenca fiskale mund të shërbejë edhe për identifikim të hershëm të rreziqeve potenciale ndaj rezultateve fiskale që çon drejt paralajmërimit të hershëm dhe reagim të duhur fiskal në rast se supozimet ekonomike kanë ndryshuar. Më tutje, transparenca fiskale mundëson llogaridhënie ndaj qytetarëve – obliguesve tatimorë, si dhe mundëson bonitet më të mirë kreditorë në tregun ndërkombëtare të kapitalit. Sipas Iniciativës për buxhet të hapur (Open Budget Initiativе) transparenca në financat publike ndihmon për kreditim më të lirë ndërkombëtarë dhe ndihmon për të përmirësuar efikasitetin mbi shpenzimet publike, ndërsa rritja e jotransparencës çon drejt zvogëlimit të disiplinës fiskale.

Тë njëjtin dokument mund ta gjeni edhe në gjuhën shqipe këtu: http://idscs.CEA-IDSCS-transparency-paper-alb.pdf

Буџетска транспарентност и отчетност во Македонија – Студија за јавна политика

Share