Анкета: Јавното мислење за политички рејтинзи – ноември 2016

Анкета: Јавното мислење за политички рејтинзи – ноември 2016

Избори /Јавно мислење /Област /Публикација

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со телевизија Телма спроведоа истражувања на јавното мислење за актуелни политички теми. Темата на ова теренско истражување беше јавното мислење за рејтинзите на политичките партии во Р. Македонија во пресрет на 11 декемвриските предвремени парламентарни избори. Анкетата ја спроведе агенцијата М-проспект.

Според резултатите ВМРО –ДПМНЕ е во предност пред СДСМ со 4,8%. ДУИ има 6.2% рејтинг додека ДПА 3,3%. Единствено БЕСА и ГРОМ имаат над еден процент рејтинг, но нивните резултати влегуваат во статистичката грешка. Од друга страна, процентот на се уште неопределени гласачи е 14,9%, нема да гласаат 8,5, додека 18,2 не сакаат да одговорат на прашањето.

tabela-partii

Податоците беа теренски прибирани помеѓу 6 и 20 ноември 2016 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници со методот „лице в лице“. Примерокот е повеќестепен стратификуван примерок, репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност и место на живеење. Истиот е дизајниран според периодичните процени на Државниот Завод за Статистика (2015 година) врз основа на пописот од 2002 година.

Анкетата се спроведуваше на македонски и албански јазик. Набљудуваната популација се полнолетни (18+) лица граѓани на Р. Македонија.

Целосните наоди од испитувањето на јавното мислење се достапни на следниот линк:

Јавното мислење за политички рејтинзи – Анкета на јавното мислење ноември 2016

Анкета: Јавното мислење за политички рејтинзи – ноември 2016

Share