Анкета: Спорот за името 2018 – ставови на јавноста во Македонија

Анкета: Спорот за името 2018 – ставови на јавноста во Македонија

Извештај од испитување на јавното мислење /Спор за името

Во април 2018 година, МЦМС и ИДСЦС, со М-Проспект, спроведоа истражување на јавното мислење по четврти пат, а резултатите се презентирани во овој извештај. Истражувањето треба да придонесе кон поширока и поинформирана јавна дебата за спорот за името, во која ќе бидат вклучени сите релевантни чинители.

Во извештајот „Спорот за името 2018 – ставови на јавноста во Македонија“, прикажани се резултатите од испитувањето на јавното мислење, кое МЦМС и ИДСЦС го спроведува по четврти пат, по 2010, 2011 и 2013 година. Истражувањето се состоеше од испитување на јавното мислење. Испитувањето на јавното мислење е направено преку теренска анкета во периодот од 5 април до 20 април 2018 година, на репрезентативен примерок од 1.004 испитаници. Анкетата ја спроведе М-проспект, а истражувачи и автори на истражувањето се Сашо Клековски, Јасмина Михаиловска и Милош Јованов.

Спорот за името 2018 – ставови на јавноста во Македонија

Анкета: Спорот за името 2018 – ставови на јавноста во Македонија

Share