Анкета за „Интеграција на Република Македонија во Европската Унија“

    Анкета за „Интеграција на Република Македонија во Европската Унија“

    ЕУ интеграција /Јавно мислење /Област /Публикација

    Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (ИДСЦС) поддржан од Фондацијата Конрад Аденауер, претставништво во Република Македонија (КАС), спроведе истражување на јавното мислење на тема „Интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија“.  Анкетата беше спроведена телефонски во периодот помеѓу 10-15 септември 2014 година, на национален репрезентативен примерок од 1002 испитаници, со статистичка грешка од ±3,1%.
    Резултатите од истражувањето покажуваат дека:
    1. Поддршката за европските интеграции на Република Македонија е висока. Големо мнозинство од испитаниците (80%) одговориле дека доколку следната недела се одржи референдум за влез на Република Македонија во ЕУ тие ќе гласаат „за“, додека многу мал број од испитаниците 14% би гласале „против“.
    2. Мнозинство од граѓаните го поддржуваат влезот на Република Македонија во ЕУ, доколку не постои услов за промена на името. Скоро две третини од испитаниците (63%) поддржуваат влез на Македонија во ЕУ доколку не треба да се направат отстапки за името на државата. Една четвртина од испитаниците (26%) таквата поддршка би ја дале и покрај промена на името.
    3. Половина од граѓаните сметаат дека Република Македонија е подготвена за членство во ЕУ. Педесет и еден процент сметаат дека Македонија е подготвена за членство во ЕУ, а 42% дека не е.
    4. Граѓаните се поделени околу оценката за напредокот во ЕУ интеграциите во изминатата година. Скоро половина од испитаниците (47%) сметаат дека сме напреднале во процесот, додека 20% сметаат дека напредокот е мал. Скоро една третина (31%) мислат дека напредок изостанува или се случило назадување.
    5. Скоро половина од граѓаните не очекуваат ништо ново од претстојниот извештај на ЕУ за напредокот. Безмалку секој втор испитаник (48%) смета дека извештајот ќе биде ист како минатата година, додека 28% сметаат дека извештајот ќе забележи напредок. Еден од секои пет испитаници рекле дека очекуваат извештајот да бележи назадување.
    6. Граѓаните сметаат дека главна причина што Македонија не е дел од ЕУ е попречувањето на процесот на интеграција од страна на соседните држави. Ова мислење е распространето кај 59% од испитаниците што покажува пораст во споредба од март 2014 кога мислењето го делеле 48%. Неспроведувањето на домашните реформи е главна причина за 29% од испитаниците. Мислењето дека главна причина е недовербата на ЕУ е присутно кај 7% од испитаниците и бележи значителен пад споредено со март 2014.

     

    Анкета за „Интеграција на Република Македонија во Европската Унија“

    Share