Конференција: Предизвиците и недостатоците во управувањето со јавните претпријатија

Половина од луѓето кои управуваат со јавните претпријатија се почетници, немаат соодветно работно искуство или имаат искуство до 5 години од доменот на работата на институцијата. За директори и членови на надзорни одбори се поставуваат личности со средно образование што е во спротивност со законот. Ова се дел од наодите од истражувањето „Кој „тоа“ таму […]

Реакција по повод усвојување на новиот Предлог-закон за јавното обвинителство од страна на Владата

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара транспарентност во процесот на донесување на новиот Закон за јавното обвинителство, затоа што овој закон е од исклучителна важност за борбата против корупцијата, а со неговото донесување треба да се зајакне институционалниот одговор на коруптивните практики. Со оглед на тоа дека граѓанските организации не беа вклучени […]

Панел дискусија: Трансатланските перспективи и Западен Балкан

Трансатлантската интеграција на Западен Балкан за да може да се заврши бара усогласување на политичкиот и институционалниот интерес на големите сили како САД и Германија, владите на државите од регионот, регионалното и локалното граѓанско општество. Балканот е еден од трите приоритети на трансатлантскиот стратешки пристап во овој период, кој вклучува безбедност во регионот и европска […]

Студија за раководењето со јавните претпријатија: Кој тоа таму управува?

Управувањето во јавните претпријатија и независните државни тела е тесно поврзано со општата состојба на добро управување во земјата. Нивната бројност, распространетост и располагање со јавни ресурси го наметнува прашањето за тоа кој управува со овие субјекти, како тие се избираат и како може да се обезбеди дека тие ќе бидат управувани од квалификувани луѓе, […]

Комисија за култура: Или, пример како може и треба да работи парламентот

Пратениците во Собранието можат да направат многу повеќе во насока на надзор и контрола на извршната власт и во актуелизирање на одредени проблеми во државата отколку што тоа го правеле досега. Деловникот изобилува со процедурални можности за вакви активности на пратениците кои останаа генерално неискористени од страна на повеќе досегашни парламентарни состави. Меѓутоа, во оваа […]

Зачленувањето во ЕУ останува привлечно за граѓаните, расте скепсата за подготвеноста на државата за спроведување на реформите

Поддршката за зачленување во Европската Унија кај македонските граѓани е висока и останува на исто ниво како и во 2017 година, но забележливо е и намалено убедување во подготвеноста на Македонија за членство. Речиси половина од населението верува дека земјата може да стане дел од Унијата во следните 5 години. Главно очекување што истовремено е […]

Повик за практикант во рамки на Центарот за европски интеграции на ИДСЦС

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), во рамки на својата Практикантска програма, распишува оглас за практикант со целосно работно време за период од 3 (три) месеци со можност за продолжување до 6 (шест) месеци. Практикантот ќе бидат вклучен во работењето на Центарот за европски интеграции на ИДСЦС. Работните обврски на практикантот ќе бидат: […]