logo

Препораки од граѓанските организации за борба против корупцијата и добро управување

Овој документ ги содржи главните наоди и препораки од страна на граѓанските организации кои се однесуваат на борбата против корупцијата и доброто управување. Документот е наменет за политичките партии и целта му е да го потпомогне процесот за креирање програми за претстојните парламентарни избори. Поточно, документот настојува да придонесе кон креирање системски решенија во изборните програми, зајакнување на антикорупциските заложби и да промовира креирање политики засновани на докази. Во таа насока, опфатени се главните наоди и препораки од граѓанското општество кои ги таргетираат актуелните корупциски проблеми, како и препораки за унапредување на доброто управување.

Податоците се преземани од релевантни истражувања на граѓански организации, од кои најголемиот дел се членки на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството. Наодите и препораките се класифицирани според официјалната класификација на функциите на владата и се насочени кон релевантните институции на законодавната, извршната и судската власт.

Целата публикација може да ја прочитате тука:

Препораки од граѓанските организации за борба против корупцијата и добро управување

Поврзани објави