Отворениот повик за собирач на податоци е во рамки на проектот „Поттикнување дебата за отчетност и антикорупција” (Fostering Debate on Accountability and Anti-corruption). Проектот е финансиран со помош од Националниот фонд за демократија (National endowment for democracy – NED), а имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во периодот октомври 2023 – септември 2025 година.
Опис на проектот
Главната цел на проектот „Поттикнување дебата за отчетност и антикорупција” е да придонесе кон реформските процеси во Северна Македонија преку зајакнување на улогата на Собранието во борбата против корупцијата и креирањето реформи во владеењето на правото.
Работните обврски ќе бидат:
- Собирање примарни и секундарни податоци за потребите на проектот;
- Внесување на податоците во однапред определен формат изработен од проектниот тим;
- Асистирање на останати истражувачки и административни задачи во координација со проектниот тим.
Во работата се очекува:
- Работа од 4 часа дневно (20 часа недело) во периодот помеѓу 9:30 и 16:30 часот, за активностите поврзани со проектот, во целиот период на ангажман;
- Почитување на зададените рокови од проектниот менаџер и истражувачите;
- Водење евиденција за работниот ангажман и доставување на истата до проектниот менаџер;
- Извршување на задачите, комуникација, и соработка со проектниот тим по хоризонтална и вертикална основа утврдена според проектот и внатрешните акти на ИДСЦС.
Потребни знаења и вештини:
- Искуство во собирање податоци и претходни истражувања во граѓанскиот сектор;
- Течно говорење и пишување на англиски јазик.
Работниот ангажман ќе се спроведува во период од 8 (осум) месеци, почнувајќи од 1 февруари до 30 септември 2024г со можност за продолжување на ангажманот.
Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) во ЕУ формат на македонски јазик на contact@idscs.org.mk со наслов: Апликација за собирач на податоци најдоцна до 23 јануари (вторник – 23:59ч.) 2024г. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само предселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.
Целиот повик погледете го тука:
Отворен повик за собирач на податоци
Одлука за избор на собирач на податоци