logo

Истражување за проценка на потребите од вклученост на парламентите од земјите од Западен Балкан во Берлинскиот процес

Вклучувањето на пратениците и на вработените лица во парламентот во Берлинскиот процес е од клучно значење за обезбедување на демократски надзор, транспарентност и отчетност во спроведувањето на ангажманите на државите во однос на оваа иницијатива. Пратениците имаат витална улога во застапувањето на интересите на своите избирачи и во овозможувањето на тоа политиките и одлуките кои се донесени во рамките на Берлинскиот процес да бидат прифатени од граѓаните. Истражувањето покажува дека парламентите се подготвени формално да бидат вклучени во Берлинскиот процес и нивната волја и капацитети треба да се земат предвид. Резултатите од истражувањето покажуваат исто така дека, од една страна постои одлично познавање во врска со Процесот и со областите што тој ги опфаќа и затоа се смета за релевантна и успешна иницијатива. Сепак, од друга страна, парламентите не се задоволни од нивната улога во Процесот и имаат поделени мислења за тоа дали сегашните капацитети се доволни за да одговорат на формално ангажирање во Процесот. Подготвеноста на парламентите да бидат вклучени во Берлинскиот процес мора да се канализира во формалните инструменти, но тој процес треба да биде надополнуван со зголемување на капацитетите и со експертизата за парламентите во областите кои се опфатени со Берлинскиот процес.

Прочитајте го целото истражување:

Истражување за проценка на потребите од вклученост на парламентите од земјите од Западен Балкан во Берлинскиот процес

Поврзани објави