Со цел да се дискутираат напорите за одржливи реформи, Регионалната антикорупциска мрежа – СЕЛДИ, одржа форум за политики „Антикорупција, демократска отпорност и економска безбедност“ во Софија на 9 ноември 2023, на кој што учествуваа и претставници на Институт за демократија.
Д-р Огниан Шентов, претседател на Центарот за проучување на демократијата (ЦСД) и Сири Беате Бери, амбасадор на Норвешка, ги поздравија учесниците на форумот и ја истакнаа неопходноста од спроведување на постоечките политички ангажмани во пракса. Николај Денков, премиер на Република Бугарија и Лаура Ковеси, европски главен обвинител истакнаа дека недостатокот на силни политички лидери, капацитети и процедури кои ги попречуваат напорите да се запрат незаконските финансиски текови, како и процесот на замрзнување и запленување на имотот на актери санкционирани за корупција, незаконско богатење, перење пари и организиран криминал. Тие истакнаа дека решението не треба да се бара само во правична и ефективна правда туку и преку свесност и културни промени.
Нашиот истражувач и раководител на Центарот за добро управување, Миша Поповиќ, беше говорник на втората панел-дискусија насловена „Имплементација на антикорупциски политики“. Истражувајќи ги новите алатки и пристапи, дискусијата имаше за цел да се осврне на динамиката и развојните методи кои се користат во тековната борба против корупцијата, со фокус на поттикнување на трајно влијание во различни општествени контексти.
„Во одреден момент, проценката на ризикот од корупција и интегративните политики се судираат. Некако политиките на интегритет станаа повеќе за интегритетот на човечките ресурси отколку за структурниот интегритет и интегритетот на институциите. Проценката на ризикот од корупција може да биде важна алатка за застапување, особено во случаи каде има контроверзии во општеството или кога одредени институции се вклучуваат во контроверзноста“, рече Поповиќ.
ЦСД го презентираше својот Извештај за добро управување кој го сработи заедно со најголемата антикорупциска мрежа SELDI.net, како и Регионалната антикорупциска иницијатива, Мостови до никаде: Заробување на државата и ризиците од корупција во фискалните трансфери и јавните набавки на локално ниво во Југоисточна Европа, како и нивниот краток застапувачки документ „Состојба на заробување: Ризиците за дистрибутивната политика во Југоисточна Европа“.
И двата документа објаснуваат како мрежите на клиентелизам во сенка го компромитираат интегритетот на јавните финансии во Југоисточна Европа и го попречуваат капацитетот на регионот да се справи со бројни домашни и меѓународни предизвици. Експертите предлагаат континуирана и системска употреба на алатките за проценка на ризикот од корупција за да се идентификуваат и спротивстават на најраспространетите и најштетните форми на корупција и конфликти на интереси на институционално, секторско, но и на локално ниво.
Видео од панел дискусијата „Имплементација на антикорупциски политики“ може да погледнете тука: