logo

Парламентарни избори: Учеството на подмладоците во креирањето антикорупциски политики

Share on facebook
Share on twitter

Партиските подмладоци се особено важен фактор за унапредување на демократијата. Тие играат клучна улога во обезбедувањето на одржливоста и стабилноста на политичките партии и се изворот на идните генерации на лидери кои ќе ја водат државата. Подмладоците се поставени со цел да ги претставуваат интересите на младите, кои се значаен дел од популацијата и гласачкото тело, но и да го поттикнат нивното политичкото учество. Оттука, нивната вклученост во процесите на креирање политики во партиите, меѓу кои централното место го зазема подготовката на изборните програми, е особено важна за демократијата во целост. Суштинската вклученост на младите во овие процеси придонесува кон градење на капацитетите на идните кадри, креирање информирани политики, но и обезбедување инклузивност и поширок консензус за решавање на приоритетните проблеми во општеството, како што е борбата против корупцијата.

Овој краток документ за јавни политики има цел да го анализира учеството на подмладоците на три политички партии: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Алтернатива во креирањето политики и изборни програми, со фокус на антикорупциските политики.

Целиот документ може да го прочитате тука:

Парламентарни избори: Учеството на подмладоците во креирањето антикорупциски политики

Поврзани објави