logo

Повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење

Отворен е повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење, за спроведување на фокус групи  во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“, финансирана од Американската агенција за меѓународен развој во Република Северна Македонија УСАИД, предводена од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Институт за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС), Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија, Македонија (ИРЛ) и Балканска истражувачка репортерска мрежа, Македонија (БИРН).

Опис на проектот

Институт за демократија „Социетас цивилис” – Скопје (ИДСЦС) е партнер во програмата „Граѓаните против корупцијата“.

Општа цел на програмата е да се зголеми вклученоста и соработката на граѓаните, граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор во борбата против корупцијата, што ќе доведе до подобрување на реакцијата на државните институции и ефективност во справувањето со корупцијата во сите сектори на национално и локално ниво.

Делокруг на работа

Ангажманот во рамки на повикот предвидува да се спроведат 8 (осум) фокус групи.  Фокус групите треба да се одржат со граѓани од сите плански региони во државата (по една во секој плански регион).

Производи за испораки

  • Спроведување на осум фокус групи (Прашалникот и сценариото за фокус групите го обезбедува ИДСЦС)
  • Дистрибуција на транскрипти и аудио снимки од фокус групите.
  • Описна анализа на резултатите за секоја фокус група (максимум пет страни).

Временска рамка

Испорака на услугите ќе се случува во период од еден месец од потпишување на договорот. Поединечните временски рокови за секој производ одделно ќе биде тековно договорен меѓу ИДСЦС и понудувачот во зависност од динамиката на креирање на податоците.

Сопственост

Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на ИДСЦС. Понудувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од ИДСЦС.

Надомест

Вкупниот надомест за извршените услуги не ја надминува сумата од $6500  (шест илјади петстотини долари*) .

Доставување на документите

Наведените документи треба да се достават преку електронска пошта, на адресата contact@idscs.org.mk со назнака: Апликација за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење.  Прашања во врска со повикот можете да поставите најдоцна до 10 јули на адресата martina@idscs.org.mk. Повикот е отворен за аплицирање до 15 јули 2023г. во 23:59 часот.

Целиот повик може да го погледнете тука:

Повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење бр. 0504-195-1/23

Одлука за избор на агенција за истражување на јавното мислење 

Поврзани објави