fbpx
logo

Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024

Во период од 14 јуни до 5 јули 2023 година отворен е повик за аплицирање за Швајцарската стипендиска програма за професионално усовршување, наменета за вработените во Собранието на Република Северна Македонија, кои имаат интерес за професионално усовршување и развој, односно обуки, курсеви и интерес за втор и трет циклус студии во академска 2023/2024 година.

Стипендиската програма е отворена за студиските програми од втор и трет циклус на Факултетот за современи општествени науки при Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) како и обуки и курсеви за професионално усовршување.

Швајцарската стипендиска програма за професионално усовршување се реализира во рамките на Програмата за парламентарна поддршка, финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка преку Швајцарска Амбасада во Северна Македонија и е администрирана од Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје.

Ги повикуваме заинтересираните вработени во Собранието на Република Северна Македонија, кои ги исполнуваат условите, да аплицираат на повикот.

Деталите за стипендијата, начинот на спроведување и постапката за аплицирање можете да ги најдете во програмата прикачена на линкот подолу.

Апликацијата и сите документи од кои се состои потребно е да ја испратите на адресата на администраторот nikola@idscs.org.mk со назнака Апликација за швајцарска стипендиска програма, не подоцна од 5 Јули (Среда) 23:59ч. Нецелосните и апликациите доставени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.

За сите дополнителни прашања обратете се до администраторот на стипендиската програма – Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС), Никола Донев nikola@idscs.org.mk.

  1. Повик за програма за доделување стипендија
  2. Конкурс за запишување студенти на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2023/2024 (заинтересираните за стипендиската програма може само да аплицираат за студиските програми на Факултетот за современи општествени науки)
  3. Апликација за професионален развој

Поврзани објави