fbpx
logo

Граѓаните против корупцијата

Во наредните пет години, ИДСЦС ќе биде дел од програмата „Граѓаните против корупцијата“ предводена од Македонскиот центар за меѓународна соработка. Покрај ИДСЦС, партнери во програмата се Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија, Македонија (ИРЛ) и Балканска истражувачка репортерска мрежа, Македонија (БИРН).

Општа цел на програмата е да се зголеми вклученоста и соработката на граѓаните, граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор во борбата против корупцијата, што ќе доведе до подобрување на реакцијата на државните институции и ефективност во справувањето со корупцијата во сите сектори на национално и локално ниво.

Целокупниот програмски пристап се заснова на широка акција за подигање на свеста која ги обединува граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор. Пристапот на Програмата е:

  • Застапување засновано на докази
  • Кампања за реформи
  • Колективна граѓанска акција против корупцијата
  • Финансиска поддршка и менторство
  • Медиумски објави за корупцијата
  • Приватниот сектор ангажиран во јакнење на интегритетот

 

Програмата ќе се спроведува преку повеќе активности, организирани во следните компоненти:

Компонента 1: Подобрено знаење и свест на граѓаните за борбата против корупцијата и промовирање на доброто владеење и одговорноста

Компонента 2: Граѓанското општество игра активна улога во борбата против корупцијата

Компонента 3: Медиумите играат активна улога во откривањето и справувањето со корупцијата

Компонента 4: Приватниот сектор вклучен во борбата против корупцијата

Директни корисници на Програмата се граѓаните, граѓанските организации, граѓанските активисти, медиумите и приватниот сектор.

Индиректни корисници се државните институции во Северна Македонија.

Период на спроведување: 3 април 2023- 2 април 2028 година.

Програмата е финансирана од Американската агенција за меѓународен развој во Република Северна Македонија УСАИД.

Буџетот на програмата изнесува 5.998.487 УСД.

Настани поврзани со проектот

reagiraj-aplikacija | IDSCS

Документ за јавни политики за унапредување на работата на Здружението на судиите и Здружението на јавните обвинители

30.08.2024

Независноста и професионалноста на судството не се исклучиво значајни само...

Повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење

02.05.2024

Отворен повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно...

Перцепции за корупцијата и мотивација за вклучување во борба против корупцијата – Заклучоци од реализирани фокус групи

30.01.2024

Институт за демократија, во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“,...

Повик за изработка на веб апликација за антикорупција

05.12.2023

Отворен повик за изработка на веб апликација за антикорупција, во...

Повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење

05.07.2023

Отворен е повик за ангажирање на агенција за истражување на...

Поврзани објави