Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје на 25 и 26 мај одржа обуки за претставници на стручната служба на Собранието и за подмладоците на политичките партии.
Целта на обуките беше зајакнување на капацитетите за борбата против корупција преку обработка на неколку теми, меѓу кои вовед во борбата против корупција, нивоа на анализа на корупцијата, информирање на пратениците, алатки за сумирање извештаи од институциите и пишување и застапување кај носители на одлуки.
Обуките се организирани како дел од проектот „Поттикнување на јавната дебата за антикорупција“ поддржан од Националниот фонд за демократија. Проектот цели кон поддржување на реформскиот процес во Северна Македонија преку зајакнување на реформската агенда во областа на владеењето на правото, а за остварувањето на оваа цел проектот предвидува соработка и консултација со сите релевантни чинители.