fbpx
logo

Корупцијата и националната безбедност: Како се завршува на црната листа на САД

Борбата против корупцијата треба да ги земе предвид и ефектите кои таа може да ги има врз националната безбедност. Во таа насока, особено значајно е воведувањето таргетирани санкции, по примерот на САД, кон индивидуалци директно вмешани во дела на корупција. Санкционирањето на лица преку забрана за влез во државата и пристап до нејзиниот финансиски систем кои Глобалниот Акт „Магнитски“ ги овозможува, се моќна алатка за зачувување на меѓународниот мир и безбедност. Дотолку повеќе, овој пристап овозможува таргетирање на лицата директно виновни за дела од високата корупција и повреди на човековите права и потенцира дека индивидуалците сносат последици за своите дела и во меѓународната сфера. Особено е важно тоа што основен критериум за санкционирање по овој закон е лицата да се сегашни или поранешни јавни функционери, кои, во Западен Балкан, многу често се случува да не опслужуваат казна за делата кои се сомневаат дека ги сториле.

„Црната листа“ којашто САД започна да ја креира за лица од Западен Балкан вмешани во дела од висока корупција треба да биде препознаена како можност за зајакнување на домашните антикорупциски напори. Националните власти треба да покажат подготвеност да се вклучат во глобалните санкции по лица кои со своето учество во корупција делуваат корозивно во земји кои ни се партнери и да го следат примерот на САД, Обединетото Кралство и ЕУ. Уште поважно од ова е властите да преземат активности и домашните корупциски актери навремено да ги санкционираат, со што ќе се демонстрира подготвеност за борба против корупција, наместо да се чека меѓународните партнери да го решаваат проблемот. На овој начин, државата ќе покаже дека е сојузник во борбата против корупција и дека се приклучува кон напорите на меѓународната заедница за справување со корупцијата во државата.

Целиот бриф може да го прочитате тука:

Корупцијата и националната безбедност: Како се завршува на црната листа на САД

Поврзани објави