logo

Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014-2022)

Share on facebook
Share on twitter

Случувањата во 2022 година во однос на македонскиот пристапен процес имаа одредено негативно влијание врз поддршката на јавноста за членство во ЕУ. Во 2022 година, 64% од населението позитивно би гласале за членство на Северна Македонија во ЕУ, што е еднакво на резултатите од 2019 година, кога имаше најниски вредности за позитивна поддршка во рамките на временскиот период кој е опфатен со истражувањето.

Постои значителен јаз меѓу двете најголеми етнички заедници – етничките Македонци и етничките Албанци во земјата во нивото на поддршка за членство во ЕУ. 57% од етничките Македонци го поддржуваат членството во ЕУ. Значително поголем процент од Албанците (79%) се за членство во ЕУ.

Речиси половина од населението ги посочува опструкциите од соседните земји-членки на ЕУ како главна бариера за членство во ЕУ.

Целото истражување може да го прочитате на следниот линк:

Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014-2022)

 

Поврзани објави