Главната цел на проектот е да им помогне на клучните актери во земјите на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, и да им овозможи пристап до квалитетни информации и експертиза за политиките и најдобрите инвестициски практики.
Во почетната фаза на проектот, ИДСЦС активно ќе се залага за формирање на работна група на ниво на Влада, која ќе започне со изработка на предлог-законско решение за скрининг на странските директни инвестиции во Северна Македонија. За да се постигне оваа цел, проектниот тим ќе спроведе студиска посета во Брисел на одредена група на експерти и ќе оствари неколку состаноци со клучни актери и релевантни институции. Овие состаноци ќе придонесат за осмислување на јавни политики суштински за воспоставување и спроведување на планираниот правен акт со кој ќе се регулира Механизмот за скрининг на странските директни инвестиции во Северна Македонија.
Податоците поврзани со странските инвестиции во Западен Балкан ќе бидат јавно достапни и промовирани преку кампања. Оваа кампања ќе има за цел да ја зголеми свеста за странските директни инвестиции кај различните целни групи, вклучително и пошироката јавност. Покрај тоа, таа ќе придонесе да дојдат до израз главните прашања и препораки кои ќе произлезат од заедничките напори на работната група и проектниот тим на ИДСЦС.
Резултатите од проектот ќе бидат ефективно комуницирани и пренесени преку различни канали, вклучително и дебатни епизоди, видео, табла за визуелизација и истражувачка сторија фокусирана на странски директни инвестиции.
Период на имплементација:февруари 1, 2023 – март 31, 2024
Донатор:Центар за меѓународно приватно претпријатие (CIPE)
Одобрен фонд на средства: $93.174
Настани поврзани со проектот
Визуелизација на странски директни инвестиции во Западен Балкан 2012-2022
30.05.2024Истражете ја динамиката на странските директни инвестиции (СДИ) во регионот...