Извештајот за човековиот развој (ИЗЧР), врз основа на неговиот квантитативен методолошки постамент – Индексот на човековиот развој (во понатамошниот текст, ИНЧР), е една од најстарите и најсеопфатни алатки за собирање на податоци, анализа и проценка на јавните политики во полето на човековиот развој.
Се работи за истражен инструмент под покровителство на системот на ОН уште од 1990 г. кој има сеопфатна и обемна база на податоци од безмалку сите земји во светот. Во аналитичкиот опсег на ИЗЧР спаѓаат суштински теми од политиката, општеството, економијата и културата поврзани со човековиот развој.
Од пошироката слика од последниве две децении се гледа дека Северна Македонија напредувала побрзо во периодот од 2000 до 2010 г. – 0,90 % во споредба со периодот од 2010 до 2021 г., со зголемување на вредноста на ИНЧР за само 0,36 %. Од 2000 до 2019 г. ИНЧР се зголемувал стабилно и постепено, па индексот пораснал од 0,675 на 0,784 (УНДП, ИНЧР 2021/22 изворни податоци). Трендот почнал да опаѓа во 2020 г., како и кај повеќето земји рангирани според ИНЧР, па опаднал на 0,774 во 2020 г., а во 2021 г. паднал уште подлабоко на 0,770. Вака ИНЧР на Северна Македонија паѓа подолу од вредноста што ја постигнала во 2018 г. (0,779), а поблиску на вредноста од 2015 г. (0,762), што значи дека при последната промена во вредноста на индексот, се изгубиле барем четири години напредок. Ако трендот продолжи наредната година/години, бројот изгубени години во напредок на ИНЧР може да се зголеми на седум, а и повеќе.
Целиот Извештај може да го прочитате тука:
Пробивање пат во неизвесни времиња (Индекс на човековиот развој за 2022 г. – Северна Македонија)