fbpx
logo

Повик за ангажирање на набљудувачи на квалитет на собраниска дебата

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) објавува повик за кандидати за платен ангажман како набљудувачи на квалитетот на дискусијата во Собранието на Република Северна Македонија.

Повикот се однесува за мотивирани дипломирани/магистрирани или студенти од сите општествено- хуманистички области, аналитичари и активисти од граѓански организации.

Со повикот ќе биде избран еден/а набљудувач/ка кој/а ќе биде обучен/а и ќе добие можност да учествува во набљудување на квалитетот на пратеничките дебати во македонското Собрание во период од неколку месеци во рамки на Швајцарската Програма за Парламентарна Поддршка (ПСП).

ИДСЦС во овој повик ќе избере 1 кандидат/ка кој/а ќе помине обука за „Основи на делиберативната (дебатна) демократија и употреба на „Индексот за квалитет на дебата” што ќе биде основа за следење и оценување на квалитетот на дебатата во собраниските комисии и на пленарните седници.

Дневното ангажирање на набљудувачите ќе изнесува до 4 часа во зависност од интензитетот и времетраењето на парламентарните расправи. За својот ангажман набљудувачот/ката ќе добие вкупен бруто месечен надомест од 334 франци.

Повикот ќе биде отворен 11 дена почнувајќи од 24.06.2022 (петок) до 04.07.2022 (понеделник- 23:59 ч.).

Апликантите како пријава треба да испратат кратка биографија и мотивациско писмо на contact@idscs.org.mk со назнака „Швајцарската Програма за Парламентарна Поддршка – набљудувач/ка.” Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Доколку постои голем интерес, ИДСЦС ќе ги повика на разговор кандидатите селектирани во потесниот избор.

Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) преку Швајцарска Амбасада во Република Северна Македонија. ПСП се спроведува од Националниот демократски институт (НДИ), Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Центарот за управување со промени (ЦУП). Содржината на публикацијата на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на СДЦ.

Повикот на македонски јазик можете да го погледнете тука:

Повик за ангажирање на набљудувачи на квалитет на собраниска дебата

Повикот на албански јазик може да погледнете тука:

Thirrje për angazhimin e vëzhguesve për cilësinë e debatit parlamentar

Поврзани објави