Собранието има една од поважните улоги во политичкиот живот на една демократска држава. Со цел да може да ги реализира своите функции, потребно е да биде ефикасно, транспарентно и отчетно пред граѓаните, и да обезбеди нивна поголема вклученост во процесите на донесување на одлуки.
Собранието како претставнички орган на граѓаните и како носител на законодавната власт, треба да тежнее кон доближување на граѓаните и нивно информирање за својата работа. За исполнување на оваа цел, Собранието има конкретни механизми и алатки за активно вклучување на граѓаните во различни фази на донесување одлуки. Со применување на овие механизми и алатки, кои ги образложуваме во продолжение, не само што ќе се зголеми информираноста, транспарентноста и одговорноста во работата на законодавниот дом, туку ќе се и зголеми довербата во самата институција, а воедно ќе се потврди и моделот на отворена и репрезентативна демократија.
Сепак, она што е забележително е дека граѓаните се генерално поделени во однос на нивната запознаеност со работата на Собранието, и ваквата состојба е релативно непроменета во изминатите неколку години. Како префериран извор за информирање за работата на Собранието, граѓаните ги навеле телевизиските канали, интернетот преку порталите за вести и социјалните мрежи.
Целиот документ за јавна политика на македонски јазик може да го прочитате тука:
Отвореноста на Собранието: Информираноста и вклученоста на јавноста во работата на пратениците
Целиот документ за јавна политика на албански јазик може да го прочитате тука:
Hapja e Kuvendit: Informimi dhe pёrfshirja e publikut nё punёn e deputetёve