Институт за демократија денеска потпиша Меморандум за соработка со Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија.

Целта на Меморандумот е јакнење на меѓусебната соработка, во насока на поддршка на активностите на Кабинетот, кои се спроведуваат во рамки на Претседателскиот центар за политичко образование.

Активностите за кои постои взаемен интерес, ќе се реализираат во областа на спроведување на истражувања, подготовка на анализи, организирање на едукативни семинари, јавни дебати и конференции.

Меморандумот го потпишаа генералниот секретар на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Миле Бошњаковски и Марко Трошановски, директор на Институт за демократија.

Активностите на Претседателскиот центар се насочени кон промоција на културата на дијалог во духот на демократските вредности и придонесуваат за сеопфатно вклучување на политичкото образование во формалниот и неформалниот образовен систем.