logo

Повик за швајцарска стипендиска програма 2020/2021

Share on facebook
Share on twitter

Во период од 19 јануари до 7 февруари 2021 г. отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за професионално усовршување, наменета за вработените во Собранието на Република Северна Македонија, кои имаат интерес за професионално усовршување и развој, односно интерес за магистерски студии во академска 2020/2021 година. Швајцарската стипендиска програма за професионално усовршување се реализира во рамките на Програмата за Парламентарна Поддршка, финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка преку Швајцарска Амбасада во Северна Македонија и е администрирана од Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје.

Ги повикуваме заинтересираните вработени во Собранието на Република Северна Македонија, кои ги исполнуваат условите, да аплицираат на повикот.

Деталите за стипендијата, начинот на спроведување и постапката за аплицирање можете да ги најдете во програмата прикачена на линкот подолу.

Апликацијата и сите документи од кои се состои, потребно е да ја испратите на адресата на администраторот contact@idscs.org.mk со назнака Апликација за швајцарска стипендиска програма, не подоцна од 7ми февруари (недела) 23:59ч. Нецелосните и апликациите доставени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.

За сите дополнителни прашања обратете се до администраторотна стипендиската програма – Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС), Александра Јовевска Ѓорѓиевиќ aleksandra@idscs.org.mk

 

Подетални информации можете да добиете на следните линкови:

Повик за програма за доделување стипендија

Конкурс за втор уписен рок во академската 2020 – 2021

Апликација за професионален развој

Поврзани објави