Парламентите во модерните демократии имаат обврска за зголемена заложба за одговорност, и вклучување на граѓаните во парламентарната работа. Тоа значи, да промовираат култура на отвореност преку граѓанска едукација за јавност, а посебно за младите, со цел да се разберат процедурите во Парламентот и улогата на пратениците. Парламентарниот институт, кој е посебна организациона единица во рамките на Парламентот на Република Северна Македонија, реализира три програми во насока на едукација на младите за работата на Парламентот: „Детски парламент“, наменета за учениците од основно училиште, „Студентски дебати за студенти“, и третата „Имам став“, наменета за учениците од средно образование.

„Имам став“, претставува симулација на законодавниот процес, законодавната постапка, парламентарната дебата, во врска со тоа како предлогот станува закон. Подготовките за „Имам став“, започнуваат на час во училиштата, а продолжува во Парламентот, каде класот реализира симулација на пленарна седница, расправа и одлучува во однос на понудените решенија. На крајот од програмата, учесниците во „Имам став“, ја разгледуваат зградата на Парламентот, запознавајќи се со функциите на зградата низ времето, како и за просториите каде работат и одлучуваат пратениците.

Промотивното видео за програмата „Имам став“, е креирано во рамките на проектот „Собранието под лупа“, кој е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), и се спроведува од страна на Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС). Содржината на видеото е одговорност единствено на ИДСЦС и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на СДЦ.

Видеото на албански јазик можете да го погледнете на следниот линк:

Parlamentet për të rinjtë: Programi i Institutit Parlamentar “Kam qëndrim”