Отворениот повик за консултантски услуги е во рамки на проектот „Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази” – Проект финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Институт за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во партнерство со Центар за Економски Анализи (ЦЕА). Во периодот јануари 2017 – декември 2019г. се анализира како се спроведува процесот на проценка на влијание на регулативата (ПВР) при создавањето на законите и каква е можноста за граѓанските организации да се вклучат во создавањето на јавните политики.

  • Делокруг на работа

Број на вклучени експерти: 2 (два)

Вкупен број на работни денови и ангажман на експертите: максимум 46.

Во рамките на оваа активност потребно е да се изработат 2 (два) интегрални ПВР извештаи за тековни закони од областа – добро управување. Изборот на предлог-закони или измени на закони ќе биде направен во консултација со проектниот тим.

Процесот на подготовка на ПВР извештаите потребно е да вклучува анализирање на трошоците и придобивките (cost-benefit analyses) од понудените регулаторни решенија, собирање податоци и анализа, 2 (две) симулации на консултации со засегнатите страни, во период од вкупно 46 (четириесет и шест) консултациски дена од 2 (два) надворешни експерти. При симулација на конуслтативниот процес и реализацијата на двете консултативни средби, потребно е да бидат вклучени и претставници од здруженија на граѓани дел од „Мрежа РИА” – Мрежа од граѓански организации за подобра легислатива и вработените во државните институции директно вклучени во ПВР процесот и подготовка на ПВР извештаи.

  • Временска рамка

Сите испораки предвидени со проектот треба да бидат испорачани во периодот од 21 ноември до 20 декември, 2019г.

  • Достава на апликација

Апликацијата (професионално резиме и понуда на македонски јазик) треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk со наслов: Апликација за консултантски услуги 0507-491/19, не подоцна од 17ти ноември (недела – 23:59ч.) 2019г. ИДСЦС ќе ги извести избраните кандидати не подоцна од 21 ноември 2019г. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само претселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Целиот повик можете да го преземете на следниот линк:

Повик за консултантски услуги за подготовка на два интегрални ПВР извештаи