fbpx
logo

Антикорупциска едукација во средните училишта

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје во период од јануари 2019 до декември 2020 година ќе го имплементира проектот „Антикорупциска едукација во средните училишта“ финансиран од Холандска амбасада.

Проектот ќе ја подигне свеста кај младите за корупцијата, ќе го зајакне нивното знаење за корупција, формите на корупција и алатките за борба против корупција. Заедно со ИДСЦС, ДКСК ќе биде партнер за ко-имплементација во изготвувањето на планот на акции, материјали и застапување за промена на политиката и имплементација.

Стапката на прифаќање на корупцијата во Македонија сугерира дека општеството ја смета корупцијата како нормална практика. Според последниот извештај за проценка на корупцијата во Македонија, 69% од младите луѓе на возраст од 18 до 29 години веднаш ќе дадат поткуп за да завршат работа. Покрај тоа, истражувањата покажуваат дека способноста за препознавање на корупцијата е мала во Македонија. Околу 174.000 граѓани на Македонија (11% од анкетата) имаат ниско ниво на способност да ја препознаат корупцијата, додека 442.000 (28%) имаат умерена способност.

Корупцијата е постојана појава во секојдневниот живот на граѓаните на Северна Македонија. Многу млади луѓе не ја доведуваат во прашање моменталната ситуација, а со тоа придонесуваат за репродукција на истата политичка култура која ја прифаќа корупцијата како нормален феномен. Освен тоа, недостатокот на општо познавање на корупцијата, нејзините форми и кои алатки за борба против корупцијата може да се искористат, ги прави младите повеќе ранливи на корупција и со помала веројатност да знаат што да прават против тоа.

Оттука, исклучително е важно преку формалниот образовен процес да се пренесат содржини и вредности кои ќе го зајакнат отпорот кон корупција кај младите луѓе. За општеството да стане помалку толерантно за корупција, клучно е средношколците да добијат неопходно знаење за тоа што е корупцијата и кои алатки за борба против корупцијата им се на располагање. Преку едукација за корупциски и антикорупциски алатки, младите ќе можат да ја препознаат корупцијата и да пријават корупција.

Цели на проектот: Подигнување на свеста кај младите за корупцијата, зајакнување на нивното знаење за корупција, форми на корупција и алатки за борба против корупцијата, како и зајакнување на нивното знаење за важноста на градење личен интегритет.

Времетраење на проектот: јануари 2019 – декември 2020

Одобрени средства: 3.864.904 денари

Донатор и партнери: Амбасада на кралството Холандија во Скопје

Очекувани резултати:

  • Наставниците од средните училишта со добиено знаење и вештини на тема корупција, нејзините форми и антикорупциски алатки, да бидат способни да го пренесат своето знаење на своите врсници и на следната генерација ученици.
  • Зголемено познавање на средношколците за корупција, нејзините форми и антикорупциски алатки.
  • Подобрени политики за антикорупциско образование.

Настани поврзани со проектот

Дали вашите деца знаат за корупција?

10.06.2021

Дали зборувате отворено со вашите деца на тема корупција? Колку...

Mësimi për luftën kundër korrupsionit funksionon, ngel vetëm arsimi

04.05.2021

Mësimi për luftën kundër korrupsionit funksionon, ngel vetëm arsimi

Arsimi si faktor i luftës së qëndrueshme kundër korrupsionit

04.05.2021

Arsimi si faktor i luftës së qëndrueshme kundër korrupsionit

Учењето за борба против корупција функционира, останува уште образованието

29.04.2021

Резултатите од истражувањето покажуваат дека наставните помагала се соодветна алатка...

Образование како фактор на одржлива борба против корупција

29.04.2021

Образованието е неодминлив дел од борбата против корупцијата. Тоа е...

Во осум средни училишта одржани пилот предавања за борба против корупција

02.02.2021

Во рамки на проектот „Антикорупциска едукација за ученици од средно...

Повик за набавка на промотивни материјали

07.12.2020

Отворениот повик за набавка на промотивни материјали е во рамки...

Видео: #УчимеЗаКорупцијата со Стефан Николиќ

07.12.2020

Си бил сведок на корупција и не знаеш каде да...

Видео: #УчимеЗаКорупцијата со Кике Цветче

23.11.2020

Дали знаете кои се принципите за заштита и спречување на...

Видео: #УчимеЗаКорупцијата со Фатони

03.11.2020

Погледнете ги примерите за корупција во образованието , здравството ,...

Прирачници за изучување на антикорупциски содржини во средните училишта

22.10.2020

Во рамките на проектот „Антикорупциска едукација за ученици од средно...

Видео: #УчимеЗаКорупцијата со Александар Динев

19.10.2020

Кога има корумпирани наставници, учениците се демотивирани и обесправени❗️ Какви...

Видео: #УчимеЗаКорупцијата со Елита

01.10.2020

Дали знаете што е висока а што ниска корупција Погледнете...

Видео: #УчимеЗаКорупцијата со Стеффонатор

17.09.2020

Што е корупција, а што коруптивно однесување⁉️ 💰 🆕🎥Погледнете ги...

Прирачник за работа на час – Борба против корупција

18.08.2020

  Прирачник за работа на час - Борба против корупција

Doracak për punë në orë – Luftë kundër korrupsionit

18.08.2020

Doracak për punë në orë

Прирачник за наставници – Борба против корупција

18.08.2020

Прирачник за наставници - Борба против корупција

Doracak për arsimtarë – Luftë kundër korrupsionit

18.08.2020

  Doracak për arsimtarë

Повик за изработка и промоција на едукативни видеа

20.05.2020

Отворениот повик за изработка и промоција на едукативни видеа е...

Продолжен повикот за консултант за подготовка на едукативна програма за антикорупција

24.06.2019

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје го продолжува отворениот...

Отворен повик за консултант за подготовка на едукативна програма за антикорупција

07.06.2019

Отворениот повик за консултант за подготовка на едукативна програма е...

Поврзани објави