fbpx
logo

Истражувања на SEE Think Net, првата регионална мрежа на граѓански организации и експерти од Југоисточна Европа за набљудување на Берлинскиот процес

Мрежата SEE Think Net е основана во март 2018 со поддршка од Европскиот фонд за Балканот (European Fund for the Balkans) како прва регионална мрежа од граѓански организации чија цел е да ги набљудува областите поврзани со Берлинскиот процес. Мрежата ја сочинуваат тинк-тенк организации, граѓански организации и индивидуалци од шесте држави од Западен Балкан вклучувајќи ги Хрватска и Словенија. Покрај Институт за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС), кој е координатор на мрежата, SEE Think Net мрежата ги вклучува Мрежата на европското движење во Србија (NEMinS), Фондацијата отворено опшество за Албанија (OSFA), EU Policy Hub – организација основана со поддршка на OSFA, Аднан Ќеримагиќ, Политикон мрежата од Црна Гора, Косовскиот центар за безбедносни студии (KCCS), Институтот за развој и меѓународни односи (IRMO) од Хрватска и Центарот за европски перспективи (ЦЕП) од Словенија. Целта на SEE Think Net е да продуцира значајни предлози за политики на теми кои произлегуваат од Берлинскиот Процес.

Зоран Нечев од ИДСЦС ја промовираше SEE Think Net на 16-ти мај, на меѓународната конференција „Демократија која придонесува: Десет години подоцна, ослободување на потенцијалот на Западен Балкан“ – придружен настан на Самитот на ЕУ и Западен Балкан 2018 во Софија.

Првиот настан на мрежата се одржа на 4-ти јули во хотелот Холидеј Ин во Скопје на кој беа промовирани првите две публикации „Берлинскиот процес како актер на внатрешната безбедност и контра-тероризмот: Можности и препреки“, чиј автор е Јелка Клеменц од групата за поддршка на Интегративното внатрешно безбедносно владеење (Integrative Internal Security Governance – IISG) и Ивана Боштјанчич Пулко од CEP, и „Повторно обмислување на безбедноста: Западниот Балкан како придонесувач во безбедноста“ на авторките Доника Емини и Доника Марку од KCCS. Овие документи за политики се фокусираат на безбедносните аспекти на Берлинскиот процес.

Вториот настан на мрежатасе одржа во Медија центарот во Белград на 5-ти јули. На овој настан беше промовиранатретата публикација на мрежата – Унапредена соработка за справување со миграцијата – Западниот Балкан и Берлинскиот процес на Сенада Шело Шабиќ од IRMO.

Третиот настан на мрежата беше организиран во Тирана во Policy Hub во Куќата на Европа (Europe House) на 6ти јули. На овој настан, албанската јавност имаше можност да се запознае со четвриот документ за политики насловен „Западниот Балкан и владеењето на правото: Како да се реши кваката-22“ на авторката Јована Маровиќ од Политикон Мрежа.

На 10-ти јули, претставници на SEE Think Net (Зоран Нечев, Јована Маровиќ и Сенада Шело Шабиќ) беа присутни на Форумот на граѓанското општество 2018 во Лондон. Следниот ден, петтиот документ за политики „Кредибилната перспектива за проширување за Западен Балкан низ призмата на Берлинскиот Процес“ на Зоран Нечев, Јелица Миниќ (NEMinS), Аднан Ќеримагиќ и Клодјан Сеферај (OSFA) беше презентиран на Четам хаус конференцијата (Chatham House Conference) во Лондон.
Сите публикации на SEE Think Net се електронски достапни на следниот линк.

Поврзани објави