Група на граѓански организации собрани со цел да се осврнат на прашањето поврзано со стигматизација на имигрантите, особено кај младите, преку промоција на демократските вредности, меѓукултурно разбирање и толеранција и активности насочени кон спречување и борба против дискриминаторски практики прави студија за политичките верувања кај младите во Европа. Главната целна група на овој истражувачки проект се луѓето на возраст меѓу 18 и 30 години.

Анкетата ќе биде целосно спроведена онлајн и вклучува примероци од осум европски земји, четири од Западен Балкан (Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија) и четири земји-членки на ЕУ (Белгија, Германија, Унгарија и Италија). Би сакале да ви поставиме неколку прашања за вашите ставови во врска со различни прашања. Вашите искрени одговори во голема мера ќе придонесат за подобро разбирање на политичките верувања на луѓето во Европа.

Сите одговори ќе бидат третирани со доверливост и целосна анонимност! Собраните податоци ќе се користат исклучиво за научно истражување.

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ e партнер во истражувањето. Анкетата може да се пополни на македонски и англиски јазик.

Линк до анкетата:

http://www.questionnaire.cdtmn.org/