brief

Долго се сметаше дека Европската Унија ќе го презеде водството во трансформацијата на Западниот Балкан. Oваа претпоставка денеска е предизвикана. Процесот на проширување на ЕУ се чини дека го загуби моментумот, а други надворешни играчи, Русија, Кина, Турција и земјите од Заливот почнаа да играат се поистакната улога во регионот.

Државите од Западниот Балкан не се соочуваат само со надворешни предизвици. Повеќето од нив се борат да ги консолидираат своите демократски системи. Во годишниот извештај Европската комисија ја изрази својата загриженост за нивното назадување во однос на поделбата на моќта, политичкото мешање во работата на судството и слабиот учинок во борбата со политичката корупција на високо ниво. Некои од балканските влади изгледаат решени да ги замолчат критичките медиуми и изданија и да ги “заробат“ државните институции. Довербата пак на јавноста во институциите е на историски најниско ниво…

Целата анализа на Зоран Нечев од ИДСЦС и Флориан Траунер од „Vrije Universiteit Brussel“ изработена за Институтот за безбедносни студии на Евроспка Унија – ISSUE прочитајте ја на следниот линк:

„Поттикнување на отпорноста во Западниот Балкан“